ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Претседателот на ССМ Димовски: Неделков и СОНК до вчера ја имаа нашата поддршка, но не повеќе (ВИДЕО)

April 21, 2022 10:05
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Секој има право да го оствари штрајкот но мора да кажам – штрајкот не е авантура, она што ќе го ветиш пред работниците како прв синдикалец, без разлика на која гранка припаѓаш треба да го исполниш. Тоа ветување да го базираш врз основа на закони, колективни договори и кога ќе го поведеш членството во штрајк да останеш доследен синдикален лидер и да не се пазариш, туку доследно да ги применуваш законите и колективните договори, односно одредбите кои се пропишани во нив, во врска со штрајкот на СОНК, изјави во Утрински брифинг на Слободен печат, Дарко Димовски, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Тој вели дека ССМ се до вчера му давале поддршка на Неделков и СОНК, но не повеќе.

Ние на СОНК му дадовме безрезервна поддршка, но тоа се беше до вчера. Вчера воопшто не ми се допадна излагањето на претседателот на СОНК Јаким Неделков, затоа што сметам дека мораше да ја говори вистината до крај и кога ќе ги поведе луѓето на штрајк, говорам за просветните работници, требаше да им каже што ќе се случи доколку штрајкуваат и кои се правилата на игра за време на штрајк. СОНК на чело со Јаким Неделков штрајкот го организира по основ на зголемувањето на минималната плата т.е нејзино усогласување. Ако СОНК штрајкува по Закон и ако му се прекршени правата по Закон, тоа не е така. Законот вели – шест месеци има време, согласно членот од Законот за минимална плата, Владата и работодавачот да ја усогласат минималната плата или скалесто да се зголеми. Ние сме се согласиле така по Колективните договори. Потребата да се случи промената ден побрзо, сега и веднаш е неопходно и за тоа ние му дадовме поддршка, рече Димовски.

Од друга страна, вели Димовски Колективниот договор се усогласува еднаш годишно и може до 30.12 тој Колективен да се усогласи согласно порастот на минималната плата.

Не се работи за нарушување на правата туку за унапредување и според тоа ќе падне на синдикатот да ги исплати платите на работниците кои штрајкуваат, веќе предупредија од МТСП и МОН.

Јас да бев Јаким Неделков и ССМ ние ќе штрајкувавме од 1. септември кога ќе беше последниот рок за скалесто усогласување на сите останати плати, вели Димовски.

ССМ, како што информираше Димовски од денеска бара средба со владата и со вицепремиерот Фатмир Битиќи кој е назначен за преговори со групата за општиот колективен договор за јавниот сектор.

Ние немаме 6 месеци за чекање и 2806 денари за линеарно покачување на сите вработени во јавниот сектор и тоа ќе го зафати и образованието, полицијата, војската, администрацијата и целиот јавен сектор. Ние ќе преговараме за нешто што сме ветиле, а бидејќи Јаким Неделков вети 18,4 проценти и сега при секое излегување од влада вели очекуваме добра понуда. Другари, што правиме ние, преговараме согласно закон и ги туркаме луѓето во штрајк за 18,4 и чекаме од влада понуда. Па што е ова, квизот на Лила Филиповска, банкарот е Владата, а Јаким Неделков е Лила Филиповска и ќе вика понудата важи или не важи. Дајте малце сериозно. Велам штрајкот не е авантура, трпат работниците, кај се мали платите во образованието и сега владата да им плати само придонеси. Да се свестиме и да знаеме кој  ни го води штрајкот, а не да слушаме само критики врз ССМ кој ја збори вистината, дециден е Димовски.

ССМ за 1. мај организира традиционален протест за работничките права и ги продолжува преговорите со владата за линерано усогласување на платите во јавниот сектор.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

„Киберпанк: Надежта е револуција“ – Настан што симулира опстанок во дистопија, инспириран од суровата реалност

May 9, 2025

Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

May 9, 2025

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Почина лицето на кое беше пукано во Штип, убиецот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk