ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Средба на Џафери со латвискиот претседател Левиц

April 21, 2022 17:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието Талат Џафери се сретна со претседателот на Латвија, Егилс Левиц, кој престојува во официјална посета на нашата држава. На средбата присуствуваше и Моника Зајкова во функција на претседателка на Пратеничката група на Собранието за соработка со парламентите на балтичките земји: Република Естонија, Република Латвија и Република Литванија, јавува МИА.

-Посакувајќи му на гостинот добредојде од името на пратениците, претседателот Џафери изрази благодарност за поддршката од Република Латвија за евроинтеграцијата на Северна Македонија, како и за стоењето на ставот дека политиката на проширувањето претставува една од најуспешните политики на Унијата. Тој нагласи дека земјата ја исполни својата стратешка определба за членството во НАТО, каде веќе втора година е полноправна членка и придонесува како за регионалната така и за меѓународната стабилност, а во однос на европските интеграции, подвлече дека очекуваме напредок во интегративниот процес во насока на што е можно поскоро одржување на првата меѓувладина конференција која ќе означи почеток на преговорите со Унијата. Истакнувајќи дека билатералните прашања не треба да се пречка за преговорите, претседателот Џафери информираше дека контактите со Бугарија се интензивни што му дава надеж дека до крајот на француското претседателство со ЕУ, процесот на евроинтеграција на Република Северна Македонија ќе биде деблокиран, соопшти Кабинетот на Џафери.

Како што се наведува во соопштението, претседателот Левиц нагласи дека Република Латвија отсекогаш го поддржувала процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан според критериумите за членство и напредокот на секоја од земјите и, во таа насока, истакна дека Република Северна Македонија направила сѐ од своја страна и дека сега е време Европската унија да ги преземе понатамошните чекори, бидејќи во спротивно, во прашање би се довела кредибилноста на Унијата.

-Според него, проширувањето не е само во интерес на Северна Македонија, туку и на Унијата од аспект на геополитичката безбедност. Тој изрази уверување дека наскоро ќе биде најден начин за продолжување на процесот на проширување и потврди дека тој од своја страна ќе се заложи тоа да стане реалност што е можно поскоро. Претседателот Левиц ја поздрави и одлуката за воено присуство во источниот дел на Алијансата на првиот контингент од Република Северна Македонија кој се подготвува да биде распореден во Латвија во јуни 2022 година, информира Кабинетот на Џафери.

Соговорниците размениле мислења и за состојбата во Украина, ја осудиле агресијата на Руската Федерација и се согласиле дека е потребно да се покаже солидарност со граѓаните на Украина и силно да се поддржи меѓународниот правен поредок со цел да се избегне глобална анархија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Во Русија изгоре таен научно истражувачки институт што ги развиваше ракетите Искандер, има жртви

НАЈНОВО

Црвениот крст тврди дека враќањето на телата на израелските заложници може да потрае со недели

October 14, 2025
Фото: Генерирано со Ви

Левандовски еден месец надвор од терените поради повреда

October 14, 2025
AI generated image

Северна Македонија го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција „ВЕЗИЛКА“ со поддршка од ЕУ

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk