ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бесими: Владата на среден рок останува посветена на структурните реформи, забрзан економски раст и подобрување на животниот стандард

April 23, 2022 11:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фатмир Бесими. Фото: МИА

Фатмир Бесими. Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Мерките и политиките што ги спроведува земјата за справување со енергетската и ценовната криза, можностите и потребите за поддршка во реализација на тие мерки, како и  плановите за враќање на патеките на економски раст, биле прашањата на кои се дискутирало на средбите во Вашингтон на министерот за финансии Фатмир Бесими со  извршниот директор на Светска банка Кун Давидсе, потпретседателот на Светска банка Ана Бјерде, регионалниот директор за Западен Балкан Линда Ван Гелдер и директорот на Светска банка за земјава,  Масимилијано Паолучи.

– Конфликтот во Украина, неговото времетраење и неизвесноста што ја наметнува влијае на економијата на нашата земја, како и  врз  цените на основните прехранбени производи и енергенсите, кои и претходно веќе бележеа раст. Владата навремено одговори преку  пакет мерки од 400 милиони евра, со средства обезбедени од  Буџетот, но несомнено  одолговлекувањето на кризата, прави дополнителен притисок и создава потреба од дополнителни финансиски средства, рекол министерот Бесими, кој ги финализирал договорите околу  користење на инструментот Макрофинансиска поддршка од Европската комисија, како и  финансиска поддршка од ММФ, кои ќе дадат силен сигнал за понатамошно продолжување на добрите макроекономски политики.

Како што соопштија денеска од Министерството за финансии, тој потенцирал дека Владата на среден рок останува посветена на структурните реформи, забрзан економски раст и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Несомнено е, подвлекол Бесими, дека економските последици од војната во Украина влијаат на проекциите и на истите е извршена надолна ревизија, следејќи го трендот на ревизија на проекциите на глобално ниво.

Притоа, Планот за забрзан економски раст, воспоставен минатата година од страна на Министерството за финансии и усвоен од Владата, истакнал Бесими, е добар патоказ за постигнување на нашите среднорочни цели, и истиот е  позитивно оценет и од Групацијата на Светска банка.

На средбите бил презентиран Планот со сите негови елементи, вклучувајќи ги и инструментите што треба да бидат воспоставени. Групацијата Светска банка, ЕБОР, ИФЦ и МИГА покажале интерес околу можностите за нивно  вклучување и поддршка на активностите кои произлегуваат од Планот.

Зелената агенда, дигитализаицјата, иновациите  и технологијата, развој на човечкиот капитал, подобрување на инфраструктурата, се наведува во соопштението, се приоритети утврдени и од Владата и вградени во Планот за забрзан економски раст.

Светска банка останува активно вклучена во реализација на активностите во РС Македонија, кои се дефинирани во тековната Рамка за партнерство, но и продолжува со детални анализи на пооделни сектори кои ќе се отсликаат во новата дијагноза за земјата и од кои ќе произлезат фокусираните области на соработка. Овие приоритетити, соопштија од МФ, ќе бидат вградени во новата четиригодишна Рамка за партнерство со Светска банка.

Министерот Бесими заедно со претставници на СБ ги разгледал и образложил сите проекти кои се дел од портфолиото и изрази увереност за нивна успешна понатамошна имплементација.

Од страна на Светска банка, на средбата била покрената и иницијатива за доделување нови средства во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП), со цел институционално зајакнување на општините и за проекти за заштита на животната средина, за што беше изразен позитивен интерес од наша страна. Досега преку МСИП се повлечени над 90 милиони евра за проекти на општините.

– Светска банка во Република Северна Македонија активно работи на повеќе проекти проценети на близу 500 милиони американски долари. Нивната реализација и забрзувањето на динамиката на дел од нив, исто така, беше тема на состанокот. Меѓу нив се Проектот за надградба и развој на патиштата, воспоставувањето  Интегриран информациски систем за управување со јавните финансии, Проект за поврзување локални патишта, Проект за администрација за социјално осигурување, Проект за подобрување на основното образование, Проект за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан, како и Проектот за одговор при итни случаи за Ковид 19, соопшти Министерството за финансии.

Република Северна Македонија има континуирана поддршка од Светска банка која е активна во земјава од 1993 година и досега има обезбедено подршка од над 2,8 милијарди американски долари во реализција на 65 проекти.

извор миа.мк

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Бранко Тричковски

Симфонија на шупелки

НАЈНОВО

генерирано со ВИ

Мерц: Требаше порано да ја сфатам заканата која доаѓаше од Путин, сите згрешивме

September 4, 2025

Зеленски: Сите сојузници од Коалицијата на подготвените согласни се дека Русија ги отфрла иницијативите за мир

September 4, 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Ги препородивме општините

September 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Крајбрежна служба на Грција

    Потрага во морскиот дел на Халкидики по македонска државјанка – пронајдена жива и здрава на копно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце Ѓорѓиевски, во тимот за Скопје го вклучи Гоце Станковски, осуден за примање поткуп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски очекува Обвинителството да го расчисти случајот со прислушувањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трент Александар-Арнолд откри зошто го напушти Ливерпул за Реал Мадрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk