Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Не, госпоѓо Кузевска, срамот е ваш и наш и на секој нормален човек, на македонското обвинителство и правобранителство, на медиумите, што по сиве овие единствени, незабележани, особено во вакви релативни односи, злосторства, морализираме и зборуваме за „докажан и криминален срам за вмро-дпмне и за Христијан Мицкоски“, и бараме оставка од шефот на злосторничкото здружување, а не конкретна постапка за забрана и кривична одговорност на тоа чудовиште како такво.
На неговите лидери, извршни комитети, конгреси, министри, секретари, кметови и кметици, пувли, прдли и говњарки, работи што, како што гледаме, течат, бавно, но течат, осудено е речиси половина од горското началство на злосторничкото здружување, друга половина е во процес на судење или покренување на постапки, а за еден дел просто нема слободни термини во судовите и обвинителствата, но и на чудовиштето како такво, заедно со неговиот злосторнички потфат за растурање на Македонија.
Како вагнери на бугарскиот радевизам.
И по сето тоа вие детектирате срам.
Каков срам, чив срам, од што срам, конечно, за кој курац срам?
Вмро-дпмне го уништи чувството на срам кај луѓето воопшто, а особено чувството на срам за политички организираниот и изведен злостор, тоа е едно од најголемите злосторства на оваа чудовиште, мислам убиството на срамот, односно на моралот и инсталирањето на припадноста како критериум кој е под животинското ниво, затоа што, на пример, кучињата знаат да се срамат и да опстануваат и без припадност на групата, а вмороните-не.
Морализирањето што го демонстрира Кузевска е претворено во еден условен рефлекс, павлов рефлекс, не само во сдсм, туку и кај вмро. Всушност, на целата јавна сцена. Секој ден некој од некого бара оставка и го повикува да се засрами. Што уште не ја дал. Повеќе од тоа отколку поради злото што ги натерало луѓето да му бараат оставка.
Немам ништо против тој институт и тој рефлекс на моралот, па и на праведноста. Но, нашето општество е обезморализирано, тоа успеа сето тоа да го избанализира до неверојатни размери.
Никој нема да ја забележи изјавата на Кузевска, а и самата таа нема поголеми амбиции од тоа да ја исполни задачата да прочита нешто, односно да го задоволи партискиот протокол и, внимавајте сега, новостворениот морал на политичката елита кој инсистира да се морализира односно да се тралалализира до убивање на последната клетка за здраворазумско расудување кај нормалниот човек.
До сечење на последната негова синапса.
Со ножиците на таканаречениот политички конфликт и со политичките апели за морална одговорност.
Симфонија на шупелка.
Во целата таа констелација врвна вредност е опстанокот на системот кој, всушност, мора да се убие, ако Македонија сака да има некакви шанси, не само да преживее, туку да преживее и да се развива како нормална модерна држава и општество.
Станува збор за двопартизмот во оваа формација.
Тој систем се штити себе си.
Со помош на контролираната конфликтност чиј врвен израз е морализаторството, односно партиските и медиумските и, зошто да не, оние на службите, цевчиња со кои од општествената и посебно политичка проблематика односно сапуница, се прават балончиња.
За будалите.
Односно за сите нас.
На прес конференции, во интервјуа, во дебатни емисии, главно на кретени, во медиумското и образовно мрестењето на кретените итн.
Морализатирската контрола на тој конфликт одамна ги има исцрпено своите можности. И не само тоа туку во меѓувреме се јави како еден од главните фактори на растурање на општеството, на врзивното ткиво, на неговиот морал и општа чудоредност, на неговиот разум и колективно несвесно, на националниот имагинариум во сѐ, освен во чудовишно глупавите проекции во минатото, дури, би рекол, беше меч што политичарите му го зарија во вратот на македонскиот бик како национална идеја, како достоинство, пристојност, респект, остварување, скромно, но со јасен код.
Сдсм, се разбира има сериозни криминални потенцијали и остварувања. Јас мислам дека нивните одговорности на тој план се сериозни, но посериозни се на политички план, кај што врз основа на лошите или погрешни или ненавремени одлуки или одлуки кои не биле донесени, е извршена сериозна декапацитација на Македонија и како држава и како општество и како нација.
Би било добро да влезат во сериозна ретроспекција и внатрешна и државничка. Гледаме дека се одвиваат низа постапки околу правното третирање на криминалите и на оправданите сомнежи за криминали и тоа е добро, но политичкото, идејно, активистичко и доктринарно освежување им е попотребно од кога и да е.
Можеби главната одговорност лежи во аспектите што ги допревме со темата за морализирањето. Одбивањето да се погледне на вмро-дпмне не како на партиски партнер и противник, туку како на злосторничка инсталација и второ, во прифаќањето на системот во кој се смета дека битката и евентуалната победа над злосторничката инсталација ќе го урне системот односно ќе заврши и со пораз за сдсм.
Се разбира, тука се и оценките дека таквото отворање на конфликтот може да ја дестаблизира земјата и тие оценки не се без основа, но, притоа, се пропушта оценката за штетите кои се случуваат во меѓувреме и кои се многу поголеми и понепоправливи.
Да заклучиме по којзнае кој пат: вмро-дпмне не е политичка партија, таа учествува во политичкиот систем и живот на Северна Македонија само за да го разорува и системот и државата и општеството. Тие (кога велам тие не мислам на овие говњари од началството, туку на вистинската идеја која е надперсонална) можат да мислат дека ова што ние го живееме осумдесет години е срање и дека тие се лопата со која тоа комунистичко говно ќе го изринат од патот на историјата. Но тоа само покажува дека тие се радевистички сератори со исти денацификаторски задачи.
Еве, знае ли некој зошто никој од бугарска страна не го покренува прашањето за тоа чиво е вмро, туку се заебаваат со царот Самоил и со не знам уште кои други историски чудаци, будали, авантуристи и хохштаплери?
Јас ќе ви кажам: затоа што со отворањето на таа тема се ризикува ослободување на Македонија од вмро. Односно дефинитивно ослободување.
Криминалите, на вмро, од пљачките, до историските хаотизирања на мозоците на Македонците, до Скопје 2014 како врвна потврда дека Македонците се вештачка нација на лудаци и глупаци, ја имаат таа димензија што криминалите на сдсм ја немаат: не само да ја декапацитираат Македонија, туку и да ги десубјективизираат Македонците.
Дури и со бомбите на Заев тој аспект не беше покренат.
Додека како власт тој имаше други идеи за решавање на проблемот (едно општество за сите).
Вмро-дпмне, можеби, и може да се реформира, но не може без оваа соочување со себе и без нашето соочување со него, односно со нив.
Тоа е.
Баталете го срамот.
Нема срам.
Како што короната го уништуваше чувството за вкус, така вмро го уништи чувството за срам. И на пат е да го уништи националното чувство кај сите, освен кај будалите.
Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.