ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026 16:29
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Фото: Охрид „СОС“

Фото: Охрид „СОС“

Share on FacebookShare on Twitter

Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ вчера (29 мај) достави официјално барање за итна привремена заштита на куќа сместена на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид. Барањето е адресирано до Министерството за култура и туризам (Секторот за заштита на културното наследство), Управата за заштита на културното наследство и Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, со апел веднаш да се запре понатамошното оштетување на овој објект.

Од „Охрид СОС“ посочуваат дека куќата се наоѓа во непосредна близина на старото градско јадро, односно во зона III-а согласно Планот за управување на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион. Сметат дека е шокантно што овој исклучително вреден примерок од т.н. еклектична градска архитектура од периодот меѓу двете светски војни (изграден во 1927 година) досега не бил заштитен со закон.

Објектот, како што се наведува во барањето, содржи уникатни архитектонски обликовни и декоративни елементи кои се сочувани во многу мал број во Охрид и низ државата. Куќата исто така претставува дел од потенцијална заштитена амбиентална целина долж улиците „Димитар Влахов“ и „Даме Груев“ во центарот на градот.

Што предвидува Планот за управување со Охридскиот Регион?

Од иницијативата потсетуваат дека актуелниот План за управување (2020-2029) за оваа конкретна зона предвидува мерки на урбана реконструкција со задолжително почитување на амбиенталните карактеристики на целината, традиционалните форми и хармонијата на просторот. Планот строго забранува окрупнување на градежни парцели со цел да се превенира изградбата на габаритни објекти кои би ја нарушиле визуелната перцепција кон Старото градско јадро.

Дополнително, оваа куќа се наоѓа во непосредна близина на неколку значајни јавни објекти од здравството, социјалната заштита и образованието, со кои сочинува веќе оформена архитектонско-урбанистичка целина. Меѓу нив се Маларичната амбуланта, Пензионерскиот дом (дело на проф. Живко Поповски), градинката „Тина Ристеска“, Гимназијата „Св. Климент Охридски“ и ООУ „Григор Прличев“.

Барање за итно решение од надлежните**

„Охрид СОС“ инсистира надлежните институции веднаш да донесат Решение за привремена заштита согласно член 39 од Законот за заштита на културното наследство. По донесувањето на ова решение, објектот би подлежел на соодветна постапка на валоризација за да се осигура неговото сочувување за следните генерации како дел од Исклучителните универзални вредности на Охридскиот Регион заштитени од УНЕСКО.

Next Post

ПСЖ ја одбрани европската круна: Арсенал падна по пенал-рулетот во Будимпешта

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk