ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Куќата во Охрид изградена 1927 година се руши, надлежните си ја префрлаат одговорноста

June 1, 2026 20:32
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Фото: Охрид „СОС“

Фото: Охрид „СОС“

Share on FacebookShare on Twitter

Куќата во Охрид изградена во 1927 година за која алармираше Охрид „СОС“ вчера со багери започна да се урива. Од Управата за заштита на културното наследство велат дека објектот не поседува статус на заштитено културно наследство. Од УЗКН посочуваат дека до нив не е покрената постапка за воспоставување заштита на предметниот објект од страна на надлежната установа за заштита, поточно НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид.

УЗКН: Надлежноста е кај Завод и музеј – Охрид

Во врска со јавните реакции за рушењето на куќата во Охрид изградена во 1927 година, Управата за заштита на културното наследство (УЗКН) информира дека предметниот објект не поседува статус на заштитено културно наследство согласно Законот за заштита на културното наследство, ниту пак е евидентиран како добро под привремена заштита.

Оттука, Управата појаснува дека нема законски ингеренции за постапување во однос на издавање согласности, забрани или други управни акти поврзани со какви било интервенции на овој објект. Надлежностите на Управата се однесуваат исклучиво на културни добра кои имаат утврден статус на заштита или се во постапка за заштита, согласно важечката законска регулатива.

Од УЗКН посочуваат дека до нив не е покрената постапка за воспоставување заштита на предметниот објект од страна на надлежната установа за заштита, поточно НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид.

Во соопштението се нагласува дека невладината организација „СОС Охрид“ не е надлежна установа за доставување на предлози за воспоставување на заштита за објекти кои треба да бидат културно наследство. Објектот се наоѓа во контактната зона на Споменичната целина „Старо градско јадро на Охрид“, за која постои утврден режим на заштита, при што НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид е соодветната надлежна установа која треба да ја следи состојбата на терен.

„Во време кога дезинформациите брзо се шират преку социјалните мрежи, од особена важност е јавноста да прави разлика помеѓу официјално потврдени информации и објави кои не се поткрепени со документи, факти или институционални извори. Случајот со објектот на улицата „Димитар Влахов“ уште еднаш ја отвора потребата од одговорно информирање и проверка на фактите пред во јавноста да се пласираат обвинувања кои можат да доведат до погрешна перцепција и непотребно вознемирување на граѓаните“, се наведува во соопштението од УЗКН.

Завод и Музеј – Охрид за намерата за уривање дознале преку медиумите

Од Завод и Музеј – Охрид велат дека за подрачјето каде се наоѓа објектот на улицата Димитар Влахов во тек е постапка за изработка на Заштитно-конзерваторски основи за Деталниот урбанистички план (ДУП). Според неофицијалната евиденција на установата, куќата била предвидена да биде евидентирана како објект со одредени споменични својства, поради што заслужувала понатамошна постапка за заштита, пренесува СДК.МК.

Директорот на установата, м-р Горан Патчев, посочува дека за објектот не постои официјална стручна валоризација ниту формална евиденција, но дека неговата јужна фасада подолго време привлекувала внимание кај стручната јавност поради архитектонските вредности и декоративните елементи.

„Нема стручна проценка и нема официјална евиденција, но со својата јужна фасада објектот привлекуваше внимание од стручната јавност. Завод и Музеј Охрид е на став дека објектот поседува архитектонски вредности на јужната фасада и дека не поседува други вредности ни во ентериерот ни во екстериерот со оглед на тоа дека истиот е повеќе пати доградуван и менувани се елементи од фасада со несоодветни интервенции за кои измени нашата установа не поседува документација“, вели Патчев.

Од Завод и Музеј велат дека инвеститорот досега не побарал мислење за усогласеноста на новопланираната градба со Планот за управување со Охридскиот Регион и дека за намерата за уривање дознале преку медиумите.

„Поднесеното барање за итна привремена заштита дојде на службена е-пошта пред почеток на продолжен празничен викенд кога веќе беа отпочнати активности за рушење, а следниот ден објектот беше повеќе од половина срушен во неработен ден. Имено, за изработка на елаборат за привремена заштита потребно е повеќе време, ангажман и информации кои треба да ги прибават и потпишат стручни лица од установата“, додава Патчев.

Патчев смета дека постоела можност старата фасада да биде инкорпорирана во новиот објект, со што би се зачувале дел од архитектонските вредности и историскиот идентитет на просторот.

„Со реконструкција и вклопување на фасадата во новата градба можеше да се постигне баланс меѓу заштитата и развојот. Такви решенија се применуваат во многу историски градови во Западна Европа и, иако се поскапи, создаваат додадена вредност и за инвеститорот и за градот“, смета директорот на Завод и Музеј – Охрид.

Од установата појаснуваат дека валоризацијата на ваков тип објекти, градени во еклектичен стил меѓу двете светски војни, започнала по донесувањето на новиот Закон за заштита на културното наследство од 2005 и дека досега се заштитени 16 објекти од сличен карактер, пренесува СДК.МК.

Општина Охрид вели се е согласно законот

Од Општина Охрид велат дека во случајот со објектот на улицата Димитар Влахов е постапено согласно сите законски процедури и важечките прописи, пренесува СДК.МК.

„На барање на сопственикот на куќата, Општина Охрид има издадено одобрение за градење во согласност со важечкиот Детален урбанистички план, донесен во 2008 година, како и во согласност со Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот Регион. Во постапката се обезбедени сите потребни согласности и одобренија од надлежните институции и сите активности се реализираат во рамки на важечката законска регулатива“, велат од Општина Охрид.

„Охрид СОС“  бараше итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ на 29 мај достави официјално барање за итна привремена заштита на куќа сместена на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид. Барањето е адресирано до Министерството за култура и туризам (Секторот за заштита на културното наследство), Управата за заштита на културното наследство и Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, со апел веднаш да се запре понатамошното оштетување на овој објект.

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

Од „Охрид СОС“ посочуваат дека куќата се наоѓа во непосредна близина на старото градско јадро, односно во зона III-а согласно Планот за управување на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион. Сметат дека е шокантно што овој исклучително вреден примерок од т.н. еклектична градска архитектура од периодот меѓу двете светски војни (изграден во 1927 година) досега не бил заштитен со закон.

Објектот, како што се наведува во барањето, содржи уникатни архитектонски обликовни и декоративни елементи кои се сочувани во многу мал број во Охрид и низ државата. Куќата исто така претставува дел од потенцијална заштитена амбиентална целина долж улиците „Димитар Влахов“ и „Даме Груев“ во центарот на градот.

Ј. Ѓ.

Next Post
Анаис. Мотив, Крушево

Дневен хороскоп со Анаис за 2 јуни 2026: Дисциплина во чекорите и прагматични решенија

Shortcut

Најново

Анаис. Мотив, Крушево

Дневен хороскоп со Анаис за 2 јуни 2026: Дисциплина во чекорите и прагматични решенија

June 1, 2026
Фото: Охрид „СОС“

Куќата во Охрид изградена 1927 година се руши, надлежните си ја префрлаат одговорноста

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди директен настап на Светското првенство во МТБ Маратон

June 1, 2026
Кој е Арне Слот менаџерот што ќе го наследи Клоп во Ливерпул?

Емотивно проштално писмо на Арне Слот до навивачите: Промената е дел од фудбалот, Ливерпул ќе продолжи да ве прави горди

June 1, 2026

Филипче: Мицкоски и неговата банда се грижат за себе, младите ја плаќаат цената

June 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  •  „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk