Финската премиерка Сана Марин во својот говор во парламентот, рече дека Финска ќе продолжи да ги поддржува процесите за влез во НАТО.
Марин изјави дека Финска и Шведска ја разгледуваат можноста да станат членки на НАТО до крајот на годината. Членството во НАТО за двете земји беше топ тема во разговорите меѓу министрите за надворешни работи на Алијансата.
Во Финска, по почетокот на војната во Украина, активно се разговара за можноста за приклучување на земјата кон НАТО. Досега, мнозинството Финци беа против членството во алијансата, но сега ситуацијата е сосема поинаква. Финската јавност сведочи за растот на бројот на оние што го променија ставот за приступување кон НАТО.
Сега за влез во НАТО се 62% од луѓето во државата, а само 16% се против, а одлуката за почеток на процесот за пристапување е сѐ поблиску. За можноста за приклучување зборуваа повеќето водечки политичари и парламентарни групи во Финскиот парламент.
подготви: Ж. Димовски