ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Емануел Макрон: Свесен сум дека ова гласање ме обврзува за годините што доаѓаат

April 24, 2022 22:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Емануел Макрон, со звуците на европската химна „Ода на радоста“, старо-новиот претседател,  пристигна под Ајфеловата кула, придружуван од неговата сопруга Брижит и децата, како симбол на неговата програма за новиот петгодишен мандат кој сака да биде во знакот на децата, јави дописникот на МИА.

На почетокот од неговото обраќање на естрадата пред Ајфеловата кула на Полињата на Марс, симболично избрано место со универзалноста на Ајфеловата кула како декорација за новоизбраниот претседател, место кое му беше одбиено во 2017 година, тој им се заблагодари на сите ние кои гласаа за него.

„Ви благодариме, драги пријатели!, рече Макрон. -Сакам да им се заблагодарам на сите активисти, волонтери, сопатници и избрани функционери кои ме придружуваа од самиот почеток. Знам дека сите работевте напорно. Вистината доаѓа со чукање во срцето, а јас знам што ви должам“.

-Сакам да им се заблагодарам на сите Французинки и Французи кои ми ја дадоа довербата за да го реализираме нашиот проект за понезависна, посилна Франција, да се осигураме дека проектите ќе се реализираат и да ја направиме Франција голема еколошка нација, рече и тој.

Макрон притоа нагласи дека тој „не е повеќе кандидат на еден табор, туку претседател на сите Французи“.

-Знам и дека многу сонародници гласаа за мене, за да ги блокирам идеите на крајната десница. Сакам да им се заблагодарам и да им кажам дека сум свесен дека овој глас ме врзува за годините што доаѓаат. Јас сум чувар на нивната приврзаност кон Републиката, призна тој.

-Мислам и на сите наши сонародници кои апстинираа, нивниот молк значеше одбивање да изберат, на што мора да одговориме ние, смета реизбраниот претседател.

-Мислам и на оние кои гласаа за г-ѓа Марин Ле Пен, чие разочарување го знам оваа вечер.

Емануел Макрон притоа им наложи на своите активисти да не „свиркаат“ пред да продолжи: -Од самиот почеток ве замолив никогаш да не свиркате. Затоа што, отсега повеќе не сум кандидат на еден табор, туку претседател на сите. Знам дека за многу наши сонародници кои ја избраа екстремната десница, гневот и несогласувањата што ги наведоа да гласаат за овој проект, не принудуваат да најдеме одговор. Тоа ќе биде наша одговорност и наш проект. Мораме ефективно да одговориме на изразениот гнев.

-Денес избравте хуманистички, амбициозен проект за независност на нашата земја, за Европа, додаде Емануел Макрон.

-Европски проект, социјален, еколошки, заснован на работа и создавање, проект за ослободување на нашите академски сили. Сакам да го носам овој проект со сила во годините што доаѓаат со тоа што ќе бидам складиште на поделбите што се изразени и разликите и со тоа што ќе осигурувам почит за сите, секој ден и ќе продолжам да работам за поправедно општество и еднаквост меѓу жените и мажите, додаде тој поздравен со аплаузи.

-Годините кои доаѓаат нема да бидат мирни. Ќе мораме да бидеме амбициозни. Војната во Украина е тука, за да не потсети дека Франција мора да го крене гласот за да ја покаже јасноста на своите избори и да ја покаже својата сила во сите области, истакна Емануел Макрон на Шан-де-Марс.

-Ќе мораме да бидеме добронамерни и со почит, бидејќи нашата земја е потопена во толку многу сомнежи, толку многу поделби. Никој нема да биде оставен на страна. Од нас ќе зависи заедно да работиме за ова единство преку кое ќе можеме да живееме посреќно во Франција. Годините што доаѓаат секако нема да бидат тивки, туку ќе бидат историски, а ние ќе можеме да ги напишеме за нашата генерација!, продолжи тој.

-Оваа нова ера нема да биде континуитет на петгодишниот период кој завршува, туку обнова за да се направи подобро. Секој од нас ќе мора да се посвети на тоа. Тоа е она што го прави францускиот народ, оваа единствена сила, што го сакам толку длабоко, толку интензивно и што сум толку горд што повторно служам, заврши реизбраниот 44-годишен Макрон.

извор: МИА
Next Post

Османи денеска во Берлин, утре во Софија

Најново

Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Американските маринци пресретнаа брод во Арапското Море поради блокадата на Иран

April 29, 2026
Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Израелската армија уништи подземни тунели на Хезболах во јужен Либан

April 29, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дневен хороскоп со Анаис (29 април): Активирање на хармонијата и партнерските односи

April 28, 2026

ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда, низ дејствувањето на негиран „виш советник“ на Левица

April 28, 2026

Оставете нè да ви принесуваме убавина, се угушивме во грдотија

April 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk