Дозволете ми да ви кажам еден факт што малкумина го знаат. Европејците се изненадени од високото образование на украинските бегалци. Не очекуваа дека процентот на луѓе со високо образование меѓу нив надминува 50%, кога во Германија е само 21%! Многу од нив зборуваат пристоен англиски јазик и се умешни во современи специјалитети – графички дизајн, менаџмент, маркетинг, програмирање. Ова е фрапантен контраст во однос на гостите од Сирија, Авганистан итн, пишува Obozrevatel.
На пример Шефот на регионалната администрација на градот Черновци, Серхиј Осачук, редовно зборува на етерот на ТВ каналот WELT и добро зборува германски. Се покажа дека тој е доктор на историски науки, преведувач, а се школувал на универзитетите во Виена и Минхен. За Германците е откритие дека Украинците се Европејци и го зборуваат нивниот јазик заедно со нив! Она што се нарекува „културен шок“! И ова е значаен историски настан, кој ќе биде оценет во многу блиска иднина.
Превод: Жорж Димовски