Екипажот на бродот Океански Викинг (Ocean Viking) на хуманитарната организација СОС Медитеран денеска спаси 94 мигранти во Средоземното Море, информира МИА.
Мигрантите биле на преполн гумен чамец во меѓународни вoди недалеку од Либија, соопшти организацијата СОС Медитеран.
Вчера во истата зона беа спасени 70 мигранти.
Во централниот дел на Средоземното Море се едни од најопасните миграциски рути во светот.
Според Меѓународната организација за миграција, повеќе од 23.500 мигранти починале или исчезнале од 2014 година, од кои 2.048 само минатата година.