Украинскиот претседател Володомир Зеленски, кој пред вториот круг повика да се гласа за Емануел Макрон, синоќа му го честиташе реизборот на францускиот претседател.
„Честитки до претседателот на Франција и вистински пријател на Украина Емануел Макрон за победата на изборите. Му посакувам на Емануел Макрон нов успех за бенефит на францускиот народ. Ја ценам поддршката на Франција и убеден сум: чекориме заедно кон нови заеднички победи! За силна и обединета Европа!“, напиша Зеленски синоќа на Твитер.
Вітаю Президента ?? та справжнього друга ?? @EmmanuelMacron з перемогою на виборах. Бажаю Еммануелю Макрону нових успіхів на благо французького народу. Ціную підтримку Франції і переконаний: ми крокуємо разом до нових спільних перемог! До сильної та об’єднаної Європи!
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) April 24, 2022
Макрон одигра централна улога во обидот да се спречи војната во Украина со тоа што го посети рускиот претседател во Москва пред руската инвазија и потоа имаше серија телефонски разговори со Владимир Путин. /МИА/.