ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Украинско МНР: Почит за хероите кои ги ризикуваа животите пред 36 години во нуклеарната катастрофа во Чернобил

Украина е подготвена, без разлика на се, да постигне понатамошен заеднички успех со меѓународните партнери во надминување на последиците од катастрофата во Чернобил и спречување на нови нуклеарни катастрофи.

April 26, 2022 13:39
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пред 36 години, на 26 април 1986 година, се случи најголемата технолошка катастрофа во историјата на човештвото – несреќата во АЕЦ Чернобилската. Денес го почитуваме споменот на хероите кои, по цена на сопствениот живот и здравје, го спасија човештвото од глобална нуклеарна катастрофа, велат од Украинското МНР.

Украина и светот направија титански напори за надминување на последиците од оваа катастрофа од невидени размери. Искрено ѝ благодариме на меѓународната заедница за солидарноста и сеопфатната помош, добиена, меѓу другото, во рамки на спроведувањето на договорите постигнати во Меморандумот за заемно разбирање за нуклеарната централа во Чернобил со Г7 земјите и Европската комисија од 1995 година.

Благодарение на активната работа на Владата и помошта од меѓународните партнери, постигнат е значителен напредок во спроведувањето на меѓународните проекти за деактивирање на нуклеарната централа Чернобил и изградба на New Safe Confinement („Арката“).

На 24 февруари 2022 година, меѓународната заедница по кој пат се убеди дека тоталитарните режими, каков што беше на Советскиот Сојуз и каков  што е на Русија сега, претставуваат закана за светската нуклеарна безбедност. Игнорирајќи ги меѓународно признатите безбедносни принципи и барања, како и меѓународните обврски на самата Руска Федерација, како членка на Обединетите нации и МААЕ, руските вооружени сили започнаа цинична и брутална воена инвазија, со последователно заземање на територијата на зоната на исклучување и индустриската локација на АЕЦ Чернобил.

Заземањето на Чернобилската нуклеарна централа и окупацијата на најголемата нуклеарна централа во Европа АЕЦ Запорижја повторно го ставија светот во опасност од нуклеарна катастрофа.

Оваа опасност се уште е реална поради нерегулираните ракетни напади и бомбардирања кои ги остварува земјата агресор на територијата на Украина. Мора соодветно да се утврди степенот на штетата што ја предизвикаа руските војници на индустриската локација во АЕЦ Чернобил, а сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата.

Убедени сме дека заедно со нашите сигурни пријатели и партнери ќе можеме да ги процениме сите последици од деструктивните дејствија на руската војска во објектот и да одлучиме за понатамошни чекори за нивно елиминирање.

Меѓународната заедница можеше јасно да види кој работи на зголемување на нивото на нуклеарна безбедност во Европа и светот, а кој неодговорно ги поткопува сите овие напори.

Украина е подготвена, без разлика на се, да постигне понатамошен заеднички успех со меѓународните партнери во надминување на последиците од катастрофата во Чернобил и спречување на нови нуклеарни катастрофи.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Сончево и топло до 28 степени

May 20, 2025
Фото: Скриншот

Русија и Украина веднаш ќе започнат преговори за прекин на огнот, објави Трамп по двочасовниот разговор со Путин

May 20, 2025

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk