ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„12 Гневни“ новата премиера на НУЦК „Трајко Прокопиев“- Театар Куманово

Претставата е работена по текст на Реџиналд Роуз, во режија на Ирена Стеријовска, а настапува речиси целиот ансамбл на Театар Куманово. Претставата го прикажува односот на поединецот кон системот, личните предрасуди, стереотипи на поединецот, неговиот однос кон општествените предизвици.

April 27, 2022 14:22
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
фото: МИА

фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter
„12 Гневни“ е насловена претставата на Театар Куманово која премиерно ќе биде изведена утревечер со почеток во 20 часот, информираа на денешната прес-конференција од установата.

Претставата е работена по текст на Реџиналд Роуз, во режија на Ирена Стеријовска, а настапува речиси целиот ансамбл на Театар Куманово. Претставата го прикажува односот на поединецот кон системот, личните предрасуди, стереотипи на поединецот, неговиот однос кон општествените предизвици.
Директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски ги покани кумановци да ја проследат претставата за која верува дека долго ќе се игра.

Режисерката Стеријовска вели дека претставата го прикажува системот на правда, индивидуалниот однос на системот од кој сите имаат очекувања.

-Во основа приказната е локализирана регионално. Покрај приказна за предрасуди оваа е вивисекција на македонското општество коешто наспроти очекуваните стереотипи ја носи тезата дека ниту еден човек не е само едно нешто, сите ние сме склоп од контрдикторни нешта кои не прават луѓе, секој со свои грешки, секој со поправање на грешките, обидувајќи се да преживееме, вели режисерката. Таа очекува публиката самата да се соочи со личните предрасуди, стереотипи кон различни групи на луѓе.

Актерите Мирослав Петковиќ, Александра Михајловска, Чедомир Митевски, Жарко Јовановиќ на денешната прес-конференција ги претставија своите ликови и ги поканија кумановци да ја проследат претставата, посочувајќи дека е задоволство да се игра ваква претстава многу близу со публиката, по пандемијата. Покрај нив во претставата играат и Александра Пешевска Дубравка Киселички, Владо Дојчиноски, Антонио Димитриевски, Нина Максимова, Марко Трајковиќ, Сања Русеска и Давид Илиќ.

„12 Гневни“ е приказна за дванаесетмина поротници кои по завршувањето на еден судски процес треба да донесат одлука за евентуалната вина или невиност на едно младо момче од малцинска етничка група, за убиство од прв степен. Покрај ретроспективното раскажување на случајот со убиството преку повикување на фактите искажани во судницата, оваа приказна се занимава со односот на поединецот кон системот, со индивидуалното поимање на правдата, но и ги акцентира предрасудите како една од најголемите опасности што ѝ се закануваат на идејата за праведно општество. Претставата го истражува поединечниот однос на секој од поротниците кон личната одговорност за воспоставување на фер систем, посочувајќи ја апатијата на граѓаните како најголемата закана за негово компромитирање./МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фото: foreignpolicy.com

САД одделуваат средства за справување со руското влијание во Северна Македониja, БиХ и Црна Гора

НАЈНОВО

Зеленски: Нема да ги користиме ракетите „Томахавк“ врз цивилни цели во Русија

October 12, 2025

Мирен изборен ден во Косово со излезност под 40 проценти

October 12, 2025
Фото: СДСМ

(ВИДЕО) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk