ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Пет години по 27 април ништо не е исто, се е многу понапредно, државата, институциите, посебно МВР

April 27, 2022 12:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денес со гордост можам да констатирам дека имаме целосно реформирана полициска структура. Воспоставени се многу реформи во делот на полициското работење. Идејата е македонската полиција да им служи на граѓаните, затоа што граѓаните преку даноци обезбедуваат плати за целата администрација, па и за македонската полиција. Покажавме во изминатиот период како заеднички знаеме, умееме, пред се секој полицаец колку пожртвувано знае да се бори за безбедноста.

Ова го нагласи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање во каква состојба е МВР пет години по настаните во Собранието на 27 април.

Тој посочи дека имаме посебна служба, што не е во составот на МВР, тоа е Агенцијата за национална безбедност, формирана е посебна Оперативно техничка агенција, со што е оневозможено или е сведена на најниско можно ниво можноста за какво било нелегално прислушување. Тоа значи, потенцира Спасовски, дека институциите не можат да ги злоупотребуваат овие системи

– Ако разговараме за настанот од 27 април, тоа е насилниот упад во Собранието, кога имаше намера да бидат убиени пратениците и да не се дозволи преземање на власта, нешто што не доликува на едно демократско општество. Ако споредиме тој момент и денеска ништо не е исто. Се е многу понапредно и државата и институциите, посебно институцијата со која раководам, а тоа е македонската полиција, изјави Спасовски, по денешната промоција на 73-от реконструиран објект, објектот на ОВР Радовиш, со што почна одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 мај.

Во 2017 година, истакна тој, разговараме за полиција, за служба што ги крши човековите права и слободи, а се сеќаваме, рече, на големата афера на прислушување кога повеќе од 22 илјади граѓани беа прислушувани и им беа кршени човековите слободи и права.

– Ако го земеме самиот настан на 27 април, кога не реагираше полицијата за да го заштити законодавниот дом, пратениците, новинарите и сите тие кои беа внатре, доволно говори дека интересите во тој момент не биле подредени на граѓаните и на државата, туку на нешто друго, дали е тоа политика, дали се одредени личности итн…, изјави министерот Спасовски.

Ако гледаме ретроспективно наназад, подвлече, ќе видиме за време на пандемијата и за пожарите минатата година, полициските службеници беа во првите борбени линии и се ставија во служба на граѓаните и на државата.

Спасовски наведе дека Собранието ги усвои, врз основа на препораките на ГРЕКО, измените на законите за внатрешни работи и за полиција, во кои се дефинира дека полициските службеници не можат да бидат членови на политички партиии односно да имаат политичка активност. Тоа, според Спасовски, доволно говори за определбата на ова раководство на МВР и на Владата дека политиката мора да стои настрана од безбедносните институции ако сакаме да имаме безбедна држава, безбедни граѓани. /МИА/

Next Post

Еврокомесарот Вархеји на средби во Скопје

НАЈНОВО

Фото: Народен театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп

Во прилепскиот театар се подготвуваат претставите „Црнила“ и „Ловец во р’жта“

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025

Нова цена на ЕУРОДИЗЕЛ од полноќ

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk