ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Јовески: Деновиве очекувам Обвинителството во Тетово да донесе одлука во врска со пожарот во модуларната болница

April 28, 2022 14:47
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Жал ми е што големата трагедија во болницата во Тетово се користи за политички цели. При крај е овој дел од постапката и деновиве, за брзо време, очекувам Обвинителството во Тетово да донесе одлука во врска со овој настан, рече денеска државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Одговорајќи на пратеничко прашање на собраниска седница, Јовески напомена дека Обвинителството од почеток пристапи одговорно кон овој случај.

-Доколку ние како што беше поставено во пратеничкото прашање сакавме да го забошотуваме овој случај и да не го истражуваме, немаше уште вечерта на помош на јавните обвинители од ОЈО во Тетово да им ги ставиме на располагање двајцата дежурни јавни обвинители од ОЈО во Скопје и на Обвинителството во Тетово му ги ставиме на располагање сите ресурси со кои располага Обвинителството, истакна Јовески.

Според него, доволна проценка дека Обвинителството постапува објективно во овој случај треба да биде и фактот дека Обвинителството побара меѓународна правна помош од германски експерти за да извршат вештачење на конкретниот настан.

-Во овој предмет, во овој дел на постапката не се преземени дејства само овие вештачења, туку сослушани се повеќе лица, извршени се други вештачења од Технолошкиот факултет, вештачење на електричната инсталација,… Јас нема сега со оглед на фазата во која се наоѓа предметот да ги изложувам сите дејства што се преземени од страна на Обвинителството, но уште еднаш сакам да ве уверам дека Обвинителството целосно го истражува овој случај и на поставените конкретни дилеми одговорности евентуални на определени лица ќе даде одговор. Покрај тоа, сакам уште еднаш во делот на објективното постапување на Обвинителството да ве известам дека беше формирана во врска со овој трагичен настан и работна група во Обвинителството од страна на обвинители која им помагаше на обвинителите доколку имаа правни или други прашања што не можеа сами да ги разрешат, објасни државниот јавен обвинител. /МИА/

Next Post

Армијата високо оценета според стандардите на НАТО, модернизацијата приоритет, се интензивира социјалниот дијалог

НАЈНОВО

Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

„Лукоил“ најави продажба на своите меѓународни подружници поради санкциите

October 28, 2025

НИС нема одговор зошто се блокирани милион барели казахстанска нафта за Србија

October 28, 2025
ВИ

По земјотресот во Турција со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk