ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

За агресија или за европски слободи? Пораката е јасна, изборот е очигледен!

Зоран Заев направи бескомпромисен избор меѓу мракот и светлината, војната и мирот. Без оглед на политичките, етничките, верските, социјалните припадности и разлики што ги имаат луѓето – сите се ставени пред јасен, очигледен и неминовен избор: За агресија или за европски слободи?

April 28, 2022 13:09
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Светот го запозна и ќе го запомни Зоран Заев како храбар лидер кој не ги следи патеките вообичаени за политичарите. Колку и да сака некој, не постои црна кампања што може да го помати тој факт. Се занимаваше и се занимава со политика на начин што секому му изгледа како да е тоа најлесната работа на светот. А не е. Веројатно тоа најдобро го знаат непријателите на демократијата и мирот.

Нема неутралност по овие прашања!

„Дали сме за воена агресија или за културен натпревар меѓу народите? За Путин или за Делчев? За агресија или за европски слободи? Имаме само еден избор и мораме да го направиме тој избор. Нема неутралност по овие прашања.“ – рече Зоран Заев на настанот на француската амбасада во Струмица.

Бескомпромисен избор меѓу мракот и светлината, војната и мирот

Може да се открие силна симболика во тоа што Заев ги кажа тие зборови токму на денот кога јавноста се сеќава на Крвавиот четврток (27 април 2012). Но овој мрачен датум ќе го истиснат пораките на Заев во кои тој прави бескомпромисен избор меѓу мракот и светлината, војната и мирот. И ги одбира светлината и мирот. Се разбира, Крвавиот четврток не смее да биде заборавен, за да не се повтори, но ќе се запомнат пораките на Заев на тој датум – „за агресија или за европски слободи?“.

„Јас сум Украинец“ – Талат Џафери

И ќе се запомни кога Талат Џафери во Кијив жестоко ја осуди руската агресија и воените злосторства и кажа „Денеска, јас сум Украинец“.

Изборот е, колку очигледен, толку и неминовен

Путин или Делчев? Веројатно, овој дел од обраќањето на Заев ќе „заѕвони“ најшироко во јавноста и ќе ги премости сите разлики, особено политичките. Тоа е разумно прашање што треба секој да си го постави, без оглед на тоа колку сака да остане надвор од политиката. Бидејќи, низ историјата и сегашноста, многупати видовме дека политиката најмногу се занимава токму со оние што „не се занимаваат со политика“.

Изборот е очигледен за сите и без оглед на тоа дали ја поддржуваат власта или опозицијата. Дали се националисти или космополити… Дали се свртени кон Западот или кон Истокот… Изборот е, колку очигледен, толку и неминовен.

Чија победа е поголема? Онаа НАД фашизмот или онаа ЗА Европа?

Збор по збор, во обраќањето, Зоран Заев, како со боздоган, ги редеше аргументите и силните пораки. Тој јасно ја повлече паралелата меѓу борбата на човештвото против фашизмот во Втората светска војна и оваа борба која сега се одвива за одбрана на Европа:

„На 9 Мај 2022 година сите треба да се запрашаме: Чија победа е поголема? Онаа НАД фашизмот или онаа ЗА Европа? Или ќе дозволиме некој да триумфира против Европа?“

Предупредување

Заев предупреди и дека 9 Мај, Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот ќе биде силно злоупотребен.

„Бидете уверени дека 9 Мај годинава ќе биде употребен за пропаганда. Апелирам, сите ние, секој од нас, да се држиме цврсто до нашите европски постулати – 9 Мај е нашата црвена слободарска база – на 9 Мај, Европа го порази фашизмот – на 9 Мај годинава, да останеме со кренати глави – да не дозволиме агресијата да ни го земе 9 Мај.“

Не може да се најде појасно и пореално предупредување од ова.

Макрон – нова победа на европските вредности над заканите кои национализмот ги носи врз Европа

Сите важни прашања на денешницата се содржани во ова обраќање. Заев препознава дека победата на Макрон е исклучително значајна за европската демократија, бидејќи „носи нова победа на европските вредности над заканите кои национализмот ги носи врз Европа.“

Заев до ЕУ: Променете го начинот на носење одлуки

Заев упати и јасно прашање до ЕУ, во контекст на апсурдното вето од Бугарија:

„Дали ваквиот начин на одлучување во Унијата, при што една земја членка блокира цел регион од крајно ирационални и националистички причини, е механизам со кој се развива европската идеја? Ако не е, а знам дека не е, тогаш променете го начинот на носење одлуки.“

Политичар, нека е и бриселски, не би требало да се чувствува многу удобно по ова прашање.

Се води борба против агресијата на Путин, а не против рускиот народ

Денес во светот се води борба против агресијата на Путин, а не против рускиот народ. И самиот руски народ страда и допрва ќе страда од диктатурата на Путин. Заев уште еднаш јасно ги постави позициите на дејствувањето против бруталната агресија, говорејќи со гласот на сите разумни и мирољубиви луѓе во светот.

„Исто така, ЕУ треба да знае дека на православното население од Балканот не му е лесно да застане наспроти православниот руски народ. Ама нашите народи се мудри – ние не застануваме наспроти рускиот народ, туку наспроти воената агресија на Путин врз суверенитетот врз братска Украина.“

Секој параграф од неговиот говор е вреден да се прочита и да се издвои како вредна и разумна порака за секој човек што држи до цивилизациските и европските вредности. До човечноста.

И да заклучиме. Без оглед на политичките, етничките, верските, социјалните припадности и разлики што ги имаат луѓето – сите се ставени пред јасен, очигледен и неминовен избор: За агресија или за европски слободи?

 


Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ/ Фотографија: Б. Јордановска

Џабир Дерала назначен за Генерален секретар на НЕПФ

July 20, 2025
Генерирано со ВИ

При полетувањето и слетувањето, ролетните на авионот треба да бидат подигнати

July 20, 2025

Мистеријата на рачните чанти: Антички симбол или трага од изгубено знаење?

July 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флора имагинариум на Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и Николоски со ново видео: Од Климештани до Охрид вклучени околу 1.200 работници, над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk