Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ информира дека трите најголеми верски заедници во земјата на ист ден (во недела на 1ви мај 2022 година) на територијата на целата држава ќе одржат верски обреди посветени на мир во Украина и во целиот свет.
Како што информираат од здружението „Лесја Украинка“ во градските и приградските храмови на Македонската Православна Црква, веднаш по светата Литургија ќе биде отслужен Молебен за мир во Украина и воопшто во целиот свет (почеток на Литургијата е во 8.00), Исламската Верска заедница на РСМ на 1ви мај една од петте молитви во Џамиите низ целата земја ќе ја посвети за мир во Украина, а во Македонската Католичка црква почетокот на мисата за мир во Украина е во 10.30 часот.
Повикани се и другите верски заедници во РСМ да се придружат до иницијативата за одржување молитва за мир во Украина на истиот ден на територијата на целата земја. Сите верници се повикуваат да се придружат на оваа заедничка молитва за мир, благосостојба и хармонија.
„Сметаме дека на таков чин Република Северна Македонија ќе прати силна порака за заложба на што поскоро прекинување на војната во Украина и мир во целиот свет“, велат од „Лесја Украинка“.