ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи-Тренчевска: Нашиот највреден ресурс е човечкиот, ја поддржуваме и продолжуваме борбата за работничките права

May 1, 2022 15:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска по повод 1 мај – Меѓународниот ден на трудот, одржаа средба со претставниците на синдикатите во Владата на Република Северна Македонија, на која се разговараше за сите прашања кои се во насока на унапредување на работничките права, информира владината прес-служба.

Претходно, вицепремиерот Битиќи и министерката Тренчевска излегоа на првомајскиот марш организиран од страна на синдикатите, кој традиционално во знак на одбележување на 1 мај – Меѓународниот ден на трудот се одржува секоја година. Пред присутните членови на синдикатите, вицепремиерот Битиќи честитајќи го 1 мај – Меѓународниот ден на трудот, порача дека нашиот највреден ресурс е човечкиот.

-Нема повредно и поважно што треба да се заштити од човечкиот капитал затоа ја поддржувам и ја продолжуваме борбата за работничките права. Оваа недела ќе ги продолжиме преговорите за општиот колективен договор како и за усогласувањето на платите со минималната плата, кое ќе се случи. Но да продолжиме да зборуваме и за унапредување на правата и заштитата на здравјето на работното место. Да зборуваме гласно и да се бориме за  еднакви можности за сите и еднакви шанси за жените и мажите. Заедно со нашите социјални партнери преку дијалог, како и досега, ќе продолжиме да креираме системски решенија кој ќе не носат кон развој!, рече Битиќи.

Министерката Тренчевска, им го честиташе 1 мај – Меѓународниот ден на трудот на сите работници со порака дека трудот на работникот мора да се почитува и вреднува. Таа се осврна на достигнувањата на оваа Влада изминатиот период, како минималната плата, недела – ден на неделен одмор, подготовката на новиот Закон за работни односи, како и започнатиот дијалог за раст на платите во јавниот сектор преку воспоставување на нова методологија за раст на платите.

-Ветивме минимална плата. И денес нема плата пониска од 18.000 денари. Ветивме недела – ден на неделен одмор и денес 92 отсто од работниците одмораат во недела. А оние кои работат во недела поради техничко-технолошкиот процес, работат во недела земаат 50 проценти дополнително од нивната дневница, додека пак оние во трговијата зголемена дневница за 100 отсто, рече Тренчевска.

Министерката порача дека оние работодавачи кои не работат согласно Законот, ќе се соочат со санкции, Државниот инспекторат на труд е на терен и секое непочитување на законот, а кое значи кршење на работничките права, ќе биде санкционирано.

Сите решенија кои ќе се однесуваат на работниците, ќе се носат низ социјален дијалог, затоа што заеднички се носат најодржливите решенија кои ги засегаат работниците, беше пораката која ја упатија вицепремиерот Битиќи и министерката Тренчевска./МИА/

Next Post

СДСМ: Голем е стравот на Мицкоски од Ковачевски

НАЈНОВО

Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Османи: Продолжуваат манипулациите на ВЛЕН за наводна моја средба со Груевски

September 2, 2025
Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

September 2, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двегодишна затворска казна за напаѓачот на Данела Арсовска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аманда Сејфрид ја позајми облеката на Џулија Робертс за Филмскиот фестивал во Венеција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манчестер сити го објави трансферот на Донарума

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk