Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да го дискредитира Ковачевски уште од првиот ден на неговиот избор. Лидерството, способноста, решителноста и успехот на Ковачевски во менаџирањето на најголемата економско-енергетска криза, уште во првите 100 дена од мандатот резултираа со страв и очај во ВМРО-ДПМНЕ, пишува во соопштение на СДСМ.
Не само целото ВМРО-ДПМНЕ туку и Христијан Мицкоски се плаши од Димитар Ковачевски. ВМРО-ДПМНЕ нема што да им понуди на граѓаните, Мицкоски е загубен, покажува немоќ и неспособност да дефинира основен политички став на било која тема важна за граѓаните, пишува во партиското соопштение.
Тоа што Ковачевски како директор во Македонски телеком АД бил поканет и присуствувал на отворање на објектот на МНТ нема ама баш никаква врска со криминалот на ВМРО-ДПНЕ, велат од СДСМ.
За криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и оној од Скопје 2014 збор имаат македонските судови. Бројни судски предмети и признанија на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ го потврдуваат тој криминал. „Титаник“, „Тенк“, „Таргет – Тврдина“, „Плацови на Водно…. веќе има израчени правосилни затворски казни за крининал за голем број високи функционери од ВМРО-ДПМНЕ како и за шефот на Мицкоски, Никола Груевски, пишува во соопштението на СДСМ.