ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Сечиј труд заслужува да биде соодветно вреднуван

May 1, 2022 10:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска упати честитка по повод 1 Мај во која порачува дека сечиј труд заслужува да биде соодветно вреднуван.

Според Спасовски, и покрај низата предизвици и глобални кризи во изминатите години, државата се погрижи работните места да бидат приоритет и да ја одржи вработеноста. Решена е, наведува, и историската неправда кон стечајните работници, а веќе и недела е неработен ден.

Во честитката, тој се осврнува и на својот сектор. МВР покажа, оценува Спасовски, дека за само четири години може севкупно да се подобрат професионалните услови и стандарди за работа на полициските службеници. Министерот потсетува и дека од септември ќе се реализира дополнителното покачување од пет отсто за сите вработени во Министерството.

-Изминативе години се соочивме со низа глобални кризи кои имаа силно влијание врз здравствениот, економскиот, енергетскиот сектор и дотоколку повеќе беше важно заеднички, како колектив да се исправиме пред предизвиците и да го одржиме општеството на прав пат. Притоа, се погриживме работните места да бидат приоритет, да ја одржиме вработеноста како движечка сила на економијата и на развојот на секое општество. И покрај глобалните предизвици, успеавме во нашата цел и продолживме да ги зголемуваме платите – минималната плата за 4 години од 9.000 ја зголемивме на 18.000 денари, на чекор сме до просечна плата од 30.000 денари, наведува Спасовски.

На овој ден, дополнува, се изразува почит кон работниците.

-Тие знаат дека успехот е производ на напорна работа и посветеност, а сечиј труд заслужува да биде соодветно вреднуван. На овој ден изразуваме посебна почит за нивната доследна борба за унапредување на нивните права. Во знак на сеќавање на 1 мај 1886 година, кога во Чикаго околу 40.000 работници излегле на улиците започнувајќи генерален штрајк со барање за подобри услови за работа и 8-часовно работно време, под мотото „три осумки”, штрајк кој, за жал, завршил со неколку жртви и многу повредени, го одбележуваме овој празник, како симбол на одлучната борба на некогаш обесправениот работник, па сѐ до денес, кога заеднички работиме на унапредувањето на правата на работниците, вели министерот.

Во врска со стечајните работници, потсетува дека 12.000 лица се обештетени со месечен надоместок од 8.000 денари до пензионирањето.

-Успеавме и во уште една наша поставена цел – недела е неработен ден. Изградивме Едно општество за сите кое постојано го развиваме, а од аспект на МВР покажавме дека за само четири години може севкупно да се подобрат професионалните услови и стандарди за работа на полициските службеници преку реновирање и изградба на 73 полициските станици, да инвестираме 10 милиони евра само за набавка на униформи, да обезбедиме најсовремена техничка опрема, исплата на бонус плати, а од  септември ќе го реализираме дополнителното покачување од пет отсто за сите вработени во МВР. Со овие континуирани активности стартувавме во 2017 година, што резултираше со одлични резултати и висок степен на ефикасност во полициското работење и нема тука да застанеме. Нека е честит 1 Мај – Денот на трудот, со заедничка работа до прогрес за сите граѓани и државата, пишува Спасовски во честитката. /МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Ковачевски: Огромно признание за сите работници во земјата, Владата им е искрен сојузник

НАЈНОВО

ВИ

„Чет-ГПТ“ најавува содржина за возрасни: Ќе дозволи и еротика за верификувани корисници

October 15, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп предлага САД да го забранат увозот на кинеско масло за готвење

October 15, 2025

Кусакатска: Митески нека одговори, каде се ветените 100.000 квадратни метри ново зеленило во Аеродром?

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk