ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски, Мицотакис, Петков, Вучиќ и Мишел на инаугурација на изградбата на терминалот за течен гас во Александруполи

Мицотакис во петокот, за време на владината седница ја најави посетата и ја истакна важноста на конкретниот терминал, за кој рече дека ќе помогне во диверзификација на изворите за снабдување со природен гас, не само за Грција, туку и за регионот.

May 3, 2022 07:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во присуство на премиерите на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, на Грција, Кирјакос Мицотакис, на Бугарија, Кирил Петков, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска во грчкиот град Александруполи ќе се одржи свечена церемонија по повод започнување на реализацијата на изградбата на терминалот за течен природен гас (LNG), јави дописничката на МИА од Атина.

На церемонијата обраќања ќе имаат Ковачевски, Мицотакис, Петков, Вучиќ и Мишел, а веднаш потоа, како што соопштија од кабинетот на Мицотакис, грчкиот премиер ќе приреди ручек за странските лидери.

Во состав на владината делегација предводена од премиерот Ковачевски, ќе присуствуваат и вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, како и министерот за економија Крешник Бектеши.

Мицотакис во петокот, за време на владината седница ја најави посетата и ја истакна важноста на конкретниот терминал, за кој рече дека ќе помогне во диверзификација на изворите за снабдување со природен гас, не само за Грција, туку и за регионот.

-Во вторник заедно со други лидери од Балканот ќе бидам во Александруполи на новиот терминал за складирање и гасификација на течен природен гас, многу важен инфраструктурен проект кој во комбинација со други иницијативи, за помалку од 20 месеци ќе ни даде можност целосно да ги диверзифицираме нашите извори за снабдување со природен гас, не само на нашата земја, туку и на целиот Балкански Полуостров, рече Мицотакис.

Како што вчера јави дописничката на МИА од Брисел, Мишел во Александруполи ќе допатува на покана на премиерите на Северна Македонија, Грција и Бугарија и на претседателот на Србија, а за ЕУ проектот за гасоводот е од клучна важност во момент кога главна цел е независност од рускиот гас.

-Проектот ќе понуди нови извори и рути за набавка на природен гас и ќе ја зголеми безбедноста на набавката во Грција, Бугарија и другите земји во регионот, изјавија од кабинетот на Мишел.

За време на учеството на Делфи економскиот форум во Грција минатиот месец, говорејќи за МИА и премиерот Ковачевски и вицепремиерот Битиќи и министерот за финансии Бесими се осврнаа на терминалот во Александруполи, истакнувајќи ја важноста за нашата земја.

Премиерот, тогаш рече дека и интерконекторот со Грција и терминалот за течен природен гас во Александруполи не се само економски проекти, туку се и од стратешко значење и изрази уверување дека набргу ќе почне реализацијата.

-Тоа е проект во којшто учествуваат и Република Грција и Република Бугарија и Република Северна Македонија, а се со цел да се направи диверзификација во снабдувањето со гас, којшто би доаѓал од LNG терминалот во Александруполи. Ние како држава ги донесовме одлуките прво за закуп на количини во терминалот за потребите на ЕСМ, а исто така и НЕР веќе работи на договор за реализација на интерконекторот со Грција преку којшто практично гасот би доаѓал до нашата држава, објасни Ковачевски за МИА минатиот месец.

Вицепремиерот Битиќи и министерот за финансии Бесими, тогаш истакнаа дека терминалот ќе помогне за поголема енергетска независност на земјата.

-Без разлика што некогаш некој сакаше да каже дека е погрешен чекор, јас верував и моите колеги веруваа дека тоа е исправен чекор и денеска се покажува дека навистина е исправен чекор, затоа што можеме да бидеме сигурни дека следните 15 години имаме осигурано гас од друг извор, секогаш е добро да имате два извора наспроти само еден, како што имавме изминативе 30 години, рече Битиќи./MИА/.

Next Post

На граничниот премин Богородица за влез во државата се чека околу 30 минути

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk