ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи: ЕУ да донесе геостратешка одлука како оние од 2004 и 2007 година

May 3, 2022 14:03
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес беше домаќин наминистерот за надворешни работи на Република Литванија, Габриелиус Ландсбергис, кој престојува во работна посета на нашата земја.

Министерот Османи порача дека неопходно е Европската Унија да направи итен исчекор за ефектуирање на одлуката за отпочнување на пристапните преговори со Северна Македонија од март 2020 година, со што ќе го зајакне европскиот курс на регионот, ќе ја консолидира регионалната и европската стабилност и безбедности ќе ги одврати влијанијата на останатите геополитички центри на моќ.

„Со министерот Ландсбергис се согласивме дека денес се неопходни геостратешки одлуки налик на оние од 2004 или 2007 година, кои ќе придонесат во зацврстувањето на стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот, но ќе го задржат и кредибилитетот на Унијата во регионот. Забрзувањето на евроинтегративниот процес на Северна Македонија и на Албанија преку почеток на преговорите е најдобриот начин за тоа, и сакам да изразам благодарност што за ова ја имаме целосната литванска поддршка“, рече Османи.

Министерот Ландсбергис истакна дека Литванија високо ја цени целосната усогласеност на нашата држава со Заедничката и надворешна безбедносна политика на ЕУ, преку воведување на сите рестриктивни мерки кои произлегуваат од воената агресија на Русија врз Украина, хуманитарната помош која ја обезбедува кон Украина и подготвеноста на Северна Македонија за прием на бегалци од Украина.

Голем дел од разговорите беа посветени и на соработката во рамки на НАТО, каде двете држави се сојузници, кои заеднички активно придонесуваат во сочувувањето на мирот и стабилноста на тлото на европскиот континент. Двајцата министри, осврнувајќи се на нарушената безбедносна архитектура во Европа, разговараа за придонесот на Северна Македонија во зацврстувањето на одбраната на Источното крило на НАТО алијансата, како и за подготовките за претстојниот НАТО Самит во Мадрид.

На средбата стана збор и за соработката во рамки на ОБСЕ, при што министерот Османи информира за досегашните преземени чекори на Владата и на Министерството за надворешни работи со цел успешно претседавање со ОБСЕ во 2023 година.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Ковачевски: Изградбата на гасниот терминал во Александруполи е историски настан за регионот во областа на енергетиката

НАЈНОВО

Фото: ВИ

Трамп: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта за крај на војната во Украина

October 16, 2025

Шукова: Три итни приоритети за Скопје – отпадот, јавниот транспорт и загадувањето на воздухот

October 16, 2025

Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски одек на локалните избори: Мали партии со „големи пораки“ и тиха битка за јавното мислење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk