ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на Собранието е спротивна на заложбите за владеење на правото

May 4, 2022 10:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Блокада на Собранието е спротивна на заложбите за владеење на правото. Се надевам дека опозицијата сепак ќе го сфати моментот и важноста од донесување на законите потребни за сериозна реформа на правосудството за доброто на нашата држава, вели пратеничката од СДСМ Снежана Калеска – Ванчева, јавува МИА.

-Доколку ние сите како општество навистина сме свесни за потребата од длабински реформи во правосудството што значи за владеење на право и вистинска демократија, тогаш мислам дека блокадата е спротивна на тоа што го говориме. Бидејќи ова е една малку подлабока сериозна реформа којашто не е само козметичка шминка. Владата, Министерството за правда подготвува сет на закони од кои некои се прилично во напредна фаза, некои се веќе и во собраниска процедура, но за жал се малку заглавени. Се надевам дека опозицијата сепак ќе го сфати моментот и важноста за доброто на нашата држава, изјави Калеска – Ванчева на новинарско прашање за коментар за најавената активна блокадата на Собранието од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека ако до 10 мај ако власта не одговори на нивното барање за средба на која би се договориле за датумот за предвремени парламентарни избори, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја блокира работата на Собранието со илјадници амандмани на секој владин проект и бескрајни пратенички дискусиии.

Калеска – Ванчева изјавата ја даде пред учеството на 10-тата сесија на Работната група 3 – Правосудство и основни права (Поглавје 23) на тема „Актуелните предизвици во македонското правосудство низ перспективата на препораките на националната конвенција за Европската унија во Северна Македонија“ во рамки на активностите од проектот Национална конвенција за Европската Унија во Северна Македонија.

Next Post

Изложба на фотографии: “2 Соби, Пандемија и Јас“

НАЈНОВО

Скриншот

Кац: Посетите на Црвениот крст на палестински затвореници ја загрозуваат националната безбедност

October 29, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн и ВИ

Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

October 29, 2025
Фото: Фејсбук на Гордана Сиљановска Давкова

Сиљановска Давкова на Парискиот мировен форум: Очекувам дискусии што ќе придонесат кон решавање на најгорливите глобални предизвици

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk