ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски од Тирана: Продолжуваме да ја продлабочуваме соработката меѓу Северна Македонија и Албанија

Република Северна Македонија и Република Албанија имаат одлична меѓусебна соработка потенцираа на средбата двјацата министри. Секоја средба е можност за дополнително унапредување на соработката меѓу двете држави, можност за размена на искуства во областа на земјоделството и за олеснување на трговијата со земјоделско-прехранбени производи.

May 6, 2022 19:52
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски придружуван од заменик министерот, Абдулшуќур Абедини и државниот советник, Трајан Димковски, денес остварија работна средба со Фрида Крифца, министерка за земјоделство и рурален развој на Албанија.

Иницијативата за отворен Балкан ја зајакнува соработката меѓу двете држави овозможува на нашите земји да ја олеснат и развијат меѓусебната трговија со растенија и растителни производи, за којашто двајцата министри констатираа дека одлично се спроведува. Двајцата министри разговараа за унапредување на соработката меѓу државите за трговска размена на производи од животинско потекло, преку заедничка анализа и меѓусебно признавање на сите потребни сертификати, со цел зголемена трговска размена на овие производи. Во рамки на Иницијативата за отворен Балкан, работната група за земјоделство ќе одржи состанок од 12 до 13 мај 2022 година во Тирана.

Република Северна Македонија и Република Албанија имаат одлична меѓусебна соработка потенцираа на средбата двјацата министри. Секоја средба е можност за дополнително унапредување на соработката меѓу двете држави, можност за размена на искуства во областа на земјоделството и за олеснување на трговијата со земјоделско-прехранбени производи.

Потпишаните билатерални и мултилатерални договори меѓу двете земји се доказ за нашата соработка, овозможувајќи на граѓаните во двете земји соработка во сите области од општественото живеење.

Министерот Николовски, на средбата, ја истакна важноста на Договорот за фитосанитарна соработка, потпишан помеѓу двете држави во октомври, 2020 година.

“Фитосанитарната и ветеринарната соработка е интензивна меѓу надлежните служби на нашите земји и се одвива не само билатерално, туку и во рамките на ЦЕФТА Договорот за слободна трговија, како и во рамките на Иницијативата за отворен Балкан. Фитосанитарните и ветеринарните служби на Северна Македонија во неколку наврати им дадоа поддршка на своите колеги Албанци во усогласувањето на законските и подзаконските акти од областа на ветеринарните и фитосанитарните прашања, со постојните прописи во Северна Македонија кои се веќе усогласени со европските регулативи“, потенцира министерот Николовски.

Резултатите од договорот за фитосанитарната и ветеринарната соработка како успешни ги оцени и министерката за земјоделство и рурален развој на Албанија, Фрида Крифца, потенцирајќи ја благодарноста до министерот Николовски за поддршката во усогласувањето на законските и подзаконските акти од областа на ветеринарните и фитосанитарните прашања.

Министерот Николовски истакна дека во јули заедно со ФАО ќе се организира Конференција за консолидирање на фрагментирано земјоделско земјиште во Битола, кое е успешен пример за консолидирање на земјоделското земјиште.

Спогодбата за заедничко одржливо управување со риболовот во Охрид и Преспа, истакна министерот Николовски, ни овозможува заеднички да се грижиме за сите прашања поврзани со долгорочно одржливо управување со двете езера, како и одржливо користење и заштита на рибните резерви. Додавајќи дека очекува кај нас набрзо да се одржи и конститутивната седница на Заедничкиот Комитет./MИА/.

Next Post

Зеленски: Сè уште сум отворен за преговори со Русија, предуслов е враќање на ситуацијата на 23 февруари

НАЈНОВО

ВИ

Нов силен земјотрес го погоди Кипар, втор потрес од над 5 степени за пет часа

November 12, 2025

Алиу: Министерство за здравство е посветено темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита

November 12, 2025

Евростат: Просечната плата во ЕУ порасна за 5,2%, најниска во регионот е во Бугарија

November 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 12 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мичио Каку за 3I/ATLAS: Не е вонземски вселенски брод, туку древна комета стара 7 милијарди години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евростат: Просечната плата во ЕУ порасна за 5,2%, најниска во регионот е во Бугарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk