ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Воената вежба „Брз одговор 22“ на Криволак, вклучува 4.600 војници, од осум држави

May 6, 2022 14:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Комплексна воена вежба „Брз одговор 22“ („Swift Response 22) која вклучува 4.600 војници, од осум држави –  Северна Македонија, САД, Обединетото Кралство, Италија, Франција, Црна Гора, Албанија и Грција ќе започне викендов на армискиот полигон Криволак и е досега најголемата вежба што се реализира во земјава.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска по брифингот на кој беа презентирани можностите и целта на учесниците на мултинационална вежба изјави оти за нив, како Министерство за одбрана и како Армија е голема чест да бидат домаќини на ваква вежба. Таа изрази убедување дека припадниците на нашата Армија и на МО ќе го покажат тоа што најдобро го знаат и умеат.

– Целта на оваа вежба има два аспекта. Тоа е подготвеноста на нашата македонска Армија за вакви комплексни вежби што ги изведуваме заедно со сојузниците, при што се покажува нејзината подготвеност, нивото на операбилност, но и начинот на кој се соработува со армиите во рамки на НАТО. Второ, што е исто така значајно за нашата држава – ги покажува капацитетите и способностите на тренинг центарот Криволак, потенцира Петровска, додавајќи оти Криволак е сериозен тренинг центар, на кој сите членки на Алијансата ќе ги користат нејзините поволности.

Министерката Петровска ги повика граѓаните на 8 мај – недела во периодот од 10 до 16 часот на спортскиот аеродром Стенковец на отворен ден, кога ќе бидат изложени сите воздухолови кои учествуваат во вежбата, а  тоа се 45 најразлични воздухоплови, авиони и хелкоптери. Ќе бидат изложени воздухопловите на Армијата и МВР. На 12 мај ќе биде отворениот Ден за високи гости.

Амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј, која беше на „Криволак“ заедно со министерката Петровска, изјави дека „Брз одговор 22“ е вежба на сојузничките воздухопловни десантни сили, дел од пошироката серија вежби што се одржуваат низ цела Источна Европа.

Информира дека за време на вежбата ќе видиме и 22 воени борбени авиони и транспортни воздухоплови, како и 23 хеликоптери на сојузничките сили, кои ќе ја покажат волјата и способноста да ги бранат своите челенки.

– Ќе се покаже колективната подготвеност и способност и трансатлантската врска што го направи НАТО најсилниот сојуз во модрената светска историја, изјави меѓу другото амбасадорката Галовеј.

Таа меѓу другото наведе дека 1.800 падобранци од борбениот тим на 16 – та воздушна јуришна бригада од Обединетото Кралство за да го покажат воениот професионализам.

– Силите на Обединетото Кралство, кои учествуваат во вежбата се способни, високо обучени, добро опремени, логистички добро поддржани, рече таа.

Обединетото Кралство, потенцира, е близок сојузник на Северна Македонија и можете да се потпрете на нашата поддршка како на сојузник на НАТО. -Нашите армии тесно соработуваат уште во периодот на пристапувањето во Алијансата и ќе продолжиме со таа пракса. Според амбасадорката Галовеј, треба да инвестираме и во традиционалната одбрана и во модерните капацитети, да продолжиме да работиме заедно како блиски партнери во НАТО, додаде таа.

Бригадниот генерал Џозев Хилберт изјави дека вежбата „Брз одговор 22“ е клучна за командата на копнената војска на САД за Европа и за Африка, како и за сите сили на НАТО затоа што, истакна, на овој начин ја демонстрираме нашата интероперативност, но во исто време ја извежбуваме не само нашата индивидуална подготвеност, туку и колективно на ниво на Алијансата.

– Не би можеле едни без други да покажеме што можеме. Заедно сме посилни како сојузници, изјави  бригадниот генерал Џозев Хилберт и се заблагодари  за нашата поддршка и придонес во овој, како што рече, голем сојуз.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Зошто се извини Мицкоски?

July 8, 2025

Изложба „Beauty spot III“ на Иван Аџиевски

July 8, 2025

Кац нареди да се изгради камп за 600.000 раселени Палестинци во Појасот Газа

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тесна трка и стратешка соработка: Локалните избори како тест на коалициски односи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жестока реакција на младите загребски антифашисти на усташките изблици на и околу концертот на Томпсон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk