ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Со бојкотирање на Собранието се бојкотираат граѓаните и компаниите

May 9, 2022 20:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски во интервју за ТВ „Сител“ истакна дека парламентот мора да работи, а сите пратеници треба да бидат на висина на својата задача.

„Едно е да дадете ваше решение и да предложите подобро решение и да дискутирате, но сосема друго е да бојкотирате и тоа да блокирате нешто 20 месеци и да не се става на дневен ред. Тоа е класичен бојкот на Собранието, односно на одредени законски решенија. Особено за клучни системски закони кога се организираат јавни расправи и на кои треба да бидат присутни пратениците од сите политички партии, како што се застапени во секоја комисија, експертската јавност коишто ќе можат да дадат свој придонес“, нагласи премиерот Ковачевски.

Тој додаде дека имаме демократски систем во државата кој што е изграден врвно со 45% усогласеност со законодавството од ЕУ и дека Северна Македонија во изминатите 5 години напредува и тоа со големи чекори кон развојот на демократијата, развојот на правата на граѓаните, развојот на слободата на медиумите и особено развојот на транспарентноста и инклузивноста во донесувањето одлуки.

„Пратениците од опозицијата слободно дискутираат и врз основа на тие дискусии, доколку тие се издржани, нормално, она што е кажано да биде прифатено. Собранието треба да биде место кое што ќе биде дом на демократијата, а не место за блокади, бојкот, како што беше во минатото, кога истата таа опозиција која што тогаш беше власт го користеше за насилство“, потенцираше премиерот Ковачевски.

Тој додаде дека пратениците треба да бидат на ниво на својата задача, затоа што пратениците се избрани од народот, тие претставуваат таму граѓани, не претставуваат политички партии.

„Тие се делегирани од политичките партии меѓутоа мора да работат во интерес на граѓаните, на ист начин како што Владата работи во интерес на граѓаните и носи секојдневно мерки и законски решенија кои што се во насока на справување со оваа историски најголема криза после Втората светска војна со која што се соочува Европа“, нагласи Ковачевски.

 

Next Post

Ковачевски: Сончогледово масло имаме, мерките нема да го нарушат пазарот во нашата држава

НАЈНОВО

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Уапсени три жени за планирање на терористички напад во Париз

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk