ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски: Сончогледово масло имаме, мерките нема да го нарушат пазарот во нашата држава

May 9, 2022 20:50
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, во интервју за ТВ „Сител“, истакна дека Владата уште од првиот ден на енергетската и економската криза, кога заради војната во Украина пораснаа цените на производите и земјите донесоа забрана за извозот со цел да се заштитат цените на резервите што ги имаат, ресорните министри разговараат со соседите и носат конкретни одлуки.

„Конкретно, трговијата се одвива преку приватните компании заради тоа што сите земји имаме либерално пазарно уредување. Ние имавме недостаток од нерафинирано масло, Србија имаше забрана за извоз на нерафинирано масло. Тие извезоа кај нас рафинирано, и ресорните министри од Владата со постојани контакти успеаја да обезбедат нерафинирано масло, суровини за нашите компании“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека Албанија има проблем со рафинирано масло, а ние имаме и нема да се наруши пазарот во државата доколку им дадеме.

„Колку и да имате на залиха, тоа не ја спушта цената на маслото, бидејќи самите суровини од кои се произведува маслото се драматично пораснати на светскиот пазар“, посочи Ковачевски во врска со цената на маслото за јадење во „Тема на денот“ во вестите на „Сител“ ТВ каде се разговараше за најновите случувања.

Тој додаде дека  економијата не треба да се политизира објаснувајќи дека секој оној кој што знае да се приклучи дневно на берзите, точно ќе види дека во моментот има константно високо ниво на енергенсите, односно на цената на нафтата, имаме историски највисоко ниво на електричната енергија и доколку се погледнат цените на житото, јачменот, сончогледот тогаш ќе се види дека тие цени се драматично поголеми во однос на нормалните цени кои што ги имаше.

Next Post

Ковачевски: Преговорите мора да се одвиваат врз основа на европски вредности, почит и достоинство на граѓаните

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk