Каква е таа активност кога бојкокотирате учество на седници и не закажувате седници каде што имате претседатели на комисии што им следуваат според Деловник тоа е многу пати досега кажано, меѓутоа најавуваат некакво активно бојкотирање на Собранието какво што не сме виделе досега, еве ќе видиме што е и какво ќе биде тоа, изјави пратеникот Мартин Костовски од СДСМ на денешната прес конференција.
„Одговорноста на секој пратеник што е платен од парите на граѓаните да дојде на своето работно место да се посвети да учествува на расправа или да не расправа, но пратеникот треба да е тука присутен и да допринесе за да го оправда својот месечен надомест во однос на својата плата. Затоа да оставиме на времето да видиме какви ќе бидат нивните однсеувања“, рече Костовски.
Ако се земе бројот на пратеници и просечната плата на еден пратеник, тоа се над 40.000 евра народни пари само за пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, рече Костовски.
„Кога веќе решиле наместо на граѓаните, да му служат на нивниот партиски шеф Христијан Мицкоски, тогаш од него нега бараат плати за ваквото неработење за ваквото деструктивно однесување на штета на граѓаните и државата“, рече Костовски.
СДСМ остро ќе се спротивстави на овие блокади, нема да дозволи тие да ја вратат државата назад.
Ќе најдеме начин, согласно сите законски и деловнички можности, да ги донесеме законите од интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе остане изолирана во своите деструктивни политики, рече Костовски.