ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тренчевска: Социјалниот дијалог со сите релевантни чинители е клучен за унапредување на работничките права

May 11, 2022 14:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката Тренчевска присуствуваше на дводневната национална работилница на тема „Обезбедување на одржлива иднина за индустриите за производство ан текстил, облека, кожа и обувки во Југоисточна Европа“, во организација на  Индустриал Европа. Работилницата е дел од проект финансиран од ЕУ кој се реализира во соработка со европските и националните социјални партнери во индустриите за текстил, облека, кожа и обувки во Бугарија, Хрватска, Северна Македонија, Романија и Србија, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Министерката Тренчевска рече унапредувањето на работничките права во изминатиот период бележи значителен прогрес, пред се благодарение на дијалогот со социјалните партнери во напорите да се постигне унапредување на состојбите во сите сегменти од областа на трудот.

„Преку спроведувањето на социјалниот дијалог на сите нивоа и во различни форми, преку работата на Економско-социјалниот совет како највисока институционална форма за промоција на трипартитниот социјален дијалог, интензивно работевме во изнаоѓање на соодветно решение за зголемување на минималната плата како и на измена на критериумите за усогласување на минималната плата, “ рече Тренчевска.

Министерката додаде дека преку зголемувањето на минималната плата на висина од 18.000 денари, сума која е воедно и двојно покачување од минималната плата од онаа во 2016 година се создаваат услови за раст на платите и на другите вработени.

„По повеќе од 15 години од донесувањето на Законот за работните односи и повеќе од 20 измени и дополнувања на постојниот закон, Северна Македонија се наоѓа на прагот на усвојување нов Закон за работните односи, кој е во процес на изработка и усогласување помеѓу социјалните партнери. Со новиот закон се очекува да бидат адресирани повеќе значајни прашања поврзани со слободата на здружување и правото на колективно договарање како и  унапредување на правата на работниците кој ќе ги одразува потребите и на работниците и на работодавачите“ истакна Тренчевска.

Министерката им посака плоден дијалог на учесниците и порача дека дел од препораките ќе бидат вклучени во политиките и мерките кои ги води Владата и Министерството за труд и социјална политика.

Next Post

СОНК и МОН на нова преговарачка средба в петок

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук на Африм Гаши

Гаши во Турција прими „Глобална награда за дипломатија“

November 9, 2025
Project Stargate. Фото илустрација генерирано со ВИ

Што е проектот „Stargate“ – мегапорталот кон иднината на ВИ вреден 500 милијарди долари

November 9, 2025

Втор круг локални избори во 18 општини во Косово, воведени дополнителни безбедносни мерки

November 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk