ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Неформалната вечера на балканските лидери во Брисел без многу детали за јавноста

May 12, 2022 09:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димнитар Ковачевски, неговите колеги од регионот, и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, учествуваа на неформална лидерска вечера организирана од шефот на ЕУ дипломатијата, Жозеп Борел, во контекст на војната на европскиот континент и без многу детали за јавноста, јави дописничката на МИА од Брисел.

Македонскиот премиер Ковачевски, кусо само се обрати синоќа пред почетокот на вечерата, без прашања од новинарите, за да повтори дека проширувањето кон Западен Балкан и отпочнувањето на преговорите со Северна Македонија, блокирани од Бугарија, се безбедносно прашање за Европа.

-За Северна Македонија ќе разговараме со потпретседателот Борел за потребата од итно отворање на преговорите и одржувањето на првата меѓувладина конференција помеѓу ЕУ и Северна Македонија бидејќи проширувањето на ЕУ не е само економски или политички процес, туку во контекст на новите геополитички настани со војната во Украина, станува прашање на безбедност за Западен Балкан, изјави соноќа Ковачевски.

Од страна на Борел исто така не беа дадени детали за дискусиите кои се одржаа вчера помеѓу шесте премиери и претседатели од регионот, на кои прв пат им се придружи лидерот на Република Српска, Милорад Додик.

-Фокусот на дискусиите во средата беа глобалните и регионалните последици од нелегалната и неиспровоцираната војна на Русија против Украина и нејзиниот народ и како ЕУ и партнерите од Западен Балкан можат заедно да се справат со штетните последици од оваа војна врз цените на храната и енергијата и регионалната и глобалната стабилност, велат прес-службите на Борел.

На маса било усогласувањето на регионот со санкциите на ЕУ, во овој дел Северна Македонија е меѓу најдобрите ученици, но проблем претставува Србија. Шефот на ЕУ дипломатијата им повторил на лидерите од регионот дека е важно да се ограничи капацитетот на Москва да ја финансира војната.

За преговорите со Северна Македонија и Албанија, станало збор во контекст на изменетата геополитичка состојба, но Бугарија останува на тврдиот став, велат дипломати за МИА, и шансите за деблокирање на процесот се многу мали.

Главните дискусии се воделе околу економските и енергетските последици од оваа војна врз регионот, и ситуацијата во Косово и Босна и Херцеговина.

Оваа вечера се организира неформално како начин да се опипа пулсот на лидерите пред претстојниот Совет на ЕУ за надворешни работи кој ќе се одржи в понеделник во Брисел. На овој совет министрите за надворешни на ЕУ ќе имаат неформална размена на мислење со нивните колеги од земјите од Западниот Балкан./МИА/

Next Post

Амбасадата на Шведска објави повик за фото натпревар на тема „Македонски татковци”

НАЈНОВО

Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

Мицкоски до гласачите на СДСМ: Заокружете го бројот 9 за да почне катарза во вашата партија

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk