Информиран сум за „Алсат-М“, не ги знам сите детали зашто постои правна постапка во која се вклучени државни и правосудни органи, но случајот е стар, во мандат на пет министри за финансии, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Ковачевски порача дека сите институции во рамки на државата за овој или за кој било друг случај во кој се работи за приватна инвестиција, треба да постапуваат согласно закон и да се придржуваат до сите законски одлуки што се носат од надлежните судови во кои ниту еден државен орган не смее и не треба да се меша.
-Се надевам дека ќе се изнајде решение на задоволство, пред се на инвеститорите, но во правна рамка за која одлучуваат правосудните органи. Повеќе детали сигурно може да дадат надлежните судови и надлежното Министерството во кое има таков предмет – приватен инвеститор со одредени проблеми во имотно-правните односи, истакна Ковачевски./МИА/