Стефан Влахов Мицов додека гостуваше во емисијата „Во центар“ на Васко Ефтов, во среде интервју скокна од столчето и викаше по водителот. Јас имам достоинство, јас имам достоинство, викаше гласно Влахов Мицов.
Не се замарам со политика
*после две ракии pic.twitter.com/H4d4yriZkc
— Илузиониста (@Elilusionista25) May 13, 2022
Потоа му се обрати на новинарот со зборовите „Која држава, нели гледаш ли дека немаме држава. Нели гледаш кој ни ја води државата. Кој те управува, кој ти е министер, претседател, кој ти министер за надворешни работи“.
Потоа разлутено го напушти снимањето.
Инаку, ова не е првпат да напушти емисија. Пред неколку години разлутено излезе од емисијата „Патот кон“ на Алсат М.