Денеска на повеќе локации низ Скопје анонимни активисти поставија макети од мобилни телефони на чии екрани се претставени некои од најчесто употребуваните и најштетните дезинформации во Македонија.
На истите, во продолжение се напишани и народни поговорки чија цел е да ја посочат штетноста и неморланоста на лажењето. Ако земеме предвид дека дефиницијата на дезинформациите е – Пропагандистичко намерно ширење на лажни информации кои имаат за цел да ги збунат и погрешно да ги наведат луѓето, тогаш сосема е логична употребата на народните поговорки посветени на лагата, во борбата против дезинформациите.
Освен, дезинформациите кои се директно посветени на намерно и злонамерно ширење лаги поврзани со национални прашања, како што е дезинформацијата дека во Македонија ќе се градат огромни кампови за долгорочно сместување (населување) на мигранти во земјата, авторите на овие инсталации, предупредуваат и на стотиците лажни објави на социјалните мрежи кои ветуваат „магично“ решение на проблемите кои ги имаат луѓето, најчесто за одредена сума на пари.
Затоа авторите предупредуваат со народна мудрост дека пред нешто да објавите или споделите мора три пати да проверите. „Се градат кампови за Македонија да на населат стотици илјади мигранти“ – Проверувањето е мајка на знаењето, три пати провери еднаш сподели!
Д. Е.