ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кампања „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“: Со симболот на љубовта се бориме против говорот на омраза

May 14, 2022 15:47
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Борбата против говорот на омраза е неопходна во нашето општество, и е должност на секој граѓанин, кој како единка има исклучителна важност и значајна улога против дискриминацијата и обезбедување слободно и разновидно општество, е главната порака на заедничката кампања на Европската Унија и Советот на Европа „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!”, јавува МИА.

Розите како симбол на љубовта и хармонијата, пак, беа главна тема на оваа активност која на едно место ги собра младите активисти, Младите Европски Амбасадори, дел од Амбасадорите против говор на омраза и поддржувачите на кампањата. Иницијатива има за цел да ја подигне свеста кај граѓаните за различните форми на говор на омраза и дискриминација кои се насочени кон одредени заедници и поединци, како и да промовира различни начини за борба против говорот на омраза, пред сè преку ширење позитивни пораки за прифаќање и почитување на различностите, преку симболично „споделување на љубовта“ со црвени рози.

-Говорот на омраза којшто е изразен во, низ и кон медиумите и новинар(к)ите е особено проблематичен и општеството и сите негови чинители мора да преземат сериозни мерки кон ова, зашто на тој начин, ваквата појава само се пренесува постојано од уво в уво и тоа е причина за нејзино држење во живот, но и проширување. Особено внимание треба да се обрне на говорот на омраза кој е насочен кон новинарките и медиумските работнички, зашто токму овој родов аспект на говорот на омраза ни покажува каде сè ние треба да се посветиме во оваа желба за блокирање на омразата, а споделување на љубовта, истакна новинарот и Амбасадор против говор на омраза Огнен Јаневски.

Денис Јанкуловски, медицински работник, добитник на наградата „Европеец на годината“ за 2021 година и Амбасадор против говор на омраза, смета дека говорот на омраза последниве години, за жал, зема сè поголем замав, премногу лоши зборови излегуваат на површина.

-Тој говор е застапен речиси во секоја тема, насекаде. Невнимателно избраните зборови и тоа како знаат да влијаат врз оние кон кого се насочени, дури и неверојатно е дека постојат такви зборови. Затоа ние мора секојдневно да бидеме што погласни во препознавањето, осудувањето и потиснувањето на овој говор и нашиот глас да биде слушнат. Треба да укажуваме дека многу поубаво секој ќе се чувствува кога говорот ќе му биде исполнет со убавини, со пријатни зборови, со почит кон секого, без разлика што не се согласуваме во некои ставови и размислувања, истакна Јанкуловски.

Лејла Дервишагиќ, раководителка за оперативно работење на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје истакна дека преку оваа кампања посакуваат да бидат поблиску до граѓаните и да ја испратат пораката дека љубовта е алтернатива на омразата.

-Сите можеме да се бориме против говор на омраза преку споделување на нашите заеднички европски вредности како толеранција, почит кон останатите, љубов и посветеност кон тоа да живееме во општество без омраза, вели Дервишагиќ.

Кампањата за подигање на свеста „Блокирај ја омразата; Сподели ја љубовта“, се спроведува во земјава од декември 2021 година, а е проширена и „онлајн“ преку веб-страницата и каналите на социјалните медиуми, како и преку разни отворени јавни настани. Кампањата вклучува истакнати јавни личности, институции и реномирани активисти за човекови права, кои промовираат разлноликост и еднаквост во локалните заедници и во регионот, преку лични приказни, сведоштва и размена на добри практики.

Кампањата е дел од проектот „Промоција на разноликоста и еднаквоста во Северна Македонија”, во рамки на програмата „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022″, финансирана од Европската Унија и Советот на Европа.

Next Post

Зеленски: Русија е се подалеку од цивилизацијата, од она што се нарекува цивилизираност

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk