Како треба да го промениме образованието за што поподготвени да го пресретнеме времето што доаѓа и предизвиците што ги носи? Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, денеска во Охрид, поздравувајќи ги учесниците на Меѓународната конференција по повод 75.години работа на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје, рече дека тие низ научна призма ќе ги презентираат своите ставови за актуелните воспитно-образовни предизвици и перспективи и ќе покажат нови приоди кон образованието, проучувањето и решавањето на педагошките проблеми.

„Оваа Влада и Министерството за образование и наука одговорија со темелна реформа на образовниот систем, поаѓајќи од стратешката цел да се обезбеди квалитетно образование достапно за секое дете, образование кое создава кадар способен за логично и критично размислување, базирано на анализи и факти. Училиштето да ги учи децата да го користат знаењето за решавање проблеми, да бидат креативни и активни. Преку воспитно-образовниот процес да се формираат личности кои ги почитуваат и негуваат граѓанските права, толеранцијата и различностите, кои ќе можат да одговорат на потребите на пазарот на трудот согласно забрзаниот технолошки развој“, нагласи Шаќири.
Промените во образовниот систем почнаа од деветолетката, врз основа на нова Концепција и за прв пат востановени национални стандарди за постигањата на учениците на крајот од основното образование. Министерот посочи дека во центарот на воспитно-образовниот процес е поставен ученикот и неговите потреби, можности и афинитети, а наставникот доби автономија и можност сам да одлучува како ќе го креира часот.
На Меѓународната научна конференција ќе бидат презентирани повеќе од 120 научни труда, а учествуваат педагози, наставници, воспитувачи, универзитетски професори, студенти, ректори, декани и градоначалници.