ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Герасимовски: Учениците со посебни образовни потреби ќе ги посетуваат асистенти и за летниот распуст

Во летниот период планираме 10 наши асистенти да посетуваат окулу 20 дечиња преку еден ден односно три пати во неделата, околу 4 часа, за да ги олесниме и подобриме условите за живот на оние родители коишто имаат дечиња со посебни потреби да можат да си ги завршат и своите обврски. Тоа е новитет којшто сега ќе го почнеме и во континуитет ќе го спроведуваме, изјави Герасимовски.

May 19, 2022 14:56
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во емисијата Утрински Брифинг на Слободна ТВ најави посета на 10 асистенти на ученици со посебни образовни и за време на летниот распуст. Овие асистенти досега само во текот на учебната година им помагаа на учениците со посебни образовни во извршување на училишните работи, извршувањето на обврските и одењето и враќањето од училиште.

„Во летниот период планираме 10 наши асистенти да посетуваат окулу 20 дечиња преку еден ден односно три пати во неделата, околу 4 часа, за да ги олесниме и подобриме условите за живот на оние родители коишто имаат дечиња со посебни потреби да можат да си ги завршат и своите обврски. Тоа е новитет којшто сега ќе го почнеме и во континуитет ќе го спроведуваме“, изјави Герасимовски.

Во Утрински брифинг Герасимовски зборуваше и за тековните проекти како повикот за проектот „Центар се грижи за возрасните“ каде што општината обезбедува физиотерапевти, негуватели, психолози и социјални работиници за 90 семејства на возрасни лица над 60 години жители на Центар. Притоа Герасимовски ги повика сите лица кои имаат потреба од ваква нега да аплицираат на повикот за општината да им помогне во тој дел. Покрај проектот за највозрасните Општина Центар го спроведува и проектот „Центар се грижи за најмладите“ каде општината за неколку месеци додели по 7 000 денари на 170 новороденчиња.

Герасимовски исто така го најави и проектот кој ќе се спроведува во соработка со МВР и се однесува на маалските полицајци-позорникари.

„Вчера почнавме со кампањата заедно со МВР каде што го промовиравме и овој проекти и истиот ќе продолжи во наредните неколку месеци. Целта е да ги запознаеме и ги доближиме граѓаните што поблиску до полицајците да пријавуваат и кражби и деликвентни работи но и дополнително ги промовиравме и оние маалски полицајци коишто за брзо време планира и МВР да ги врати по маалата. Центар е една од најфреквентните општини и тука бројот и на кражби и на сите останати работи е многу повисок за разлика од другите општини. Процентуално ако имаме 80 кражби околу 60 за жал се во Општина Центар. Се надевам дека овој проект ќе допринесе да и бројот на кражби и деликвентни појави се намали. Многу одамна се бара од страна на жителите, од страна на граѓаните овие порано наречени позорникари коишто биле реонски и се грижеле за безбедноста во секоја населба“, изјави Герасимовски.

Next Post

Националниот ден на Власите – 23 Мај, неработен за припадниците на влашката етничка заедница

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ не се Албанците, ДУИ е криминалната коалиција на злото

August 27, 2025

Филмот „МАЈКА“ на Теона Стругар Митевска во Венеција ја отвора програмата „Хоризонти“

August 27, 2025

Драмски театар Скопје со „Плејбоите…“ гостува на фестивалот РУТА на Бриони

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Адвокатот Жарко Стеваноски за одлуката на ОЈО Битола: Изборен Законик – тоалетна хартија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk