ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: Бугарија има историска можност да подаде рака, очекуваме да го отстранат несогласувањето со Преговарачката рамка

Ние одамна ја имаме надминато оваа стратешка крстосница и не само што донесовме правилни одлуки и постојано докажавме дека сме искрен и доверлив партнер на Унијата, туку и цврсто чекориме кон реализација на целите. И затоа очекуваме државите членки на Унијата, да ја прилагодат оптиката на реалноста и да одговорат на денешните предизвици од кои ќе зависи иднината на Европа, истакна Маричиќ.

May 19, 2022 13:54
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Покажавме дека знаеме да градиме мостови со соседите и да подадеме рака. Денес, Владата на Бугарија и претседателот Румен Радев, имаат историска можност да подадат рака да изградиме мост на доверба и пријателство. Очекуваме да го отстранат несогласувањето со Преговарачката рамка, ослободена од сите билатерални товари, за да може да ја одржиме правата меѓувладина конференција и со тоа да започне процесот на пристапни преговори, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на панел дискусијата „Демократијата во Европа – 30 години по Мастришкиот договор: Нови прашања за европската иднината и дилемите поврзани со проширувањето“.

– Ние сме пријатели со Бугарија и ќе градиме пријателски односи. Први сме соседи, сојузници во НАТО, ќе бидеме заедно и во ЕУ. Стратешко долгорочно пријателство мора да се гради постојано. Лесно се рушат мостови, но тешко и долго се градат. Ние сме подготвени да градиме мостови на трајно пријателство, но потребно е да имаме меѓусебно почитување и основа за заштита на нашите интереси, порача Маричиќ.

Тој оцени дека дилемата околу иднината на Европа стана прашање во јавниот дискурс поради стагнацијата во политиката на проширувањето на Унијата и тоа со почетокот на војната во Украина, која за жал, на најтрагичен начин покажа дека прашањето за проширување е истовремено и безбедносно прашање како за регионот, така и за самата Унија и веќе не е прашање само за кредибилитетот на ЕУ.

– Ние одамна ја имаме надминато оваа стратешка крстосница и не само што донесовме правилни одлуки и постојано докажавме дека сме искрен и доверлив партнер на Унијата, туку и цврсто чекориме кон реализација на целите. И затоа очекуваме државите членки на Унијата, да ја прилагодат оптиката на реалноста и да одговорат на денешните предизвици од кои ќе зависи иднината на Европа, истакна Маричиќ.

Тој оцени дека иако во изминатите три децении ЕУ не остана имуна ниту на надворешните, ниту на внатрешните кризи, а тоа го гледаме и денес, но 30 години подоцна Европа тешко наоѓа друг, поинаков проект што би ја заменил.

– Верувам дека значењето на Договорот од Мастрихт за се поповрзана Европа ќе опстои и денес и ќе продолжи да пулсира во ова турбулентно време во кое живееме. Јас би рекол дека и резултатите и успешноста на овој процес ќе се потврдат и во ова време-невреме, кога зборовите единство, солидарност, демократија, суверенитет и интегритет ќе го имаат својот вистински звук и ќе добиваат многу на значење, заклучи вицепремиерот за европски прашања.

Претседателката на Европското движење Милева Ѓуровска, на отворањето на панел дискусијата рече дека, војната на европско тло е закана за мирот на целиот континент и една причина повеќе за поголема солидарност со земјите кандидатки за членство.

– Подолго време добивавме само охрабрувачки зборови, но реално процесот е во статус кво состојба. Ова особено се однесува на нашата држава, која покажа политичка храброст за промена на името и отвореност да ги прифати новите преговарачки услови, изјави Ѓуровска.  
Официјалниот претставник на Фондацијата „Конрад Аденауер“, Даниел Браун, порача дека прашањето за членството на земјите од Западен Балкан во ЕУ е од безбедносен аспект и многу поважно од кога било досега.

– Ние во рамките на ЕУ сакаме да бидеме заедница на вредности и да бидеме меѓусебно солидарни и мислам дека не е полезно проблемите надвор од ЕУ да се користат како средство за притисок и на тој начин да се спречува членство. Знаеме дека перспективата сега не е многу оптимистичка, меѓутоа Германија и многу земји од ЕУ и институциите овде работат со полна пареа на тоа. Но, и ние не можеме секогаш да ги убедиме сите, не можеме да постигнеме консензус, а тоа е средство што го користи ЕУ, изјави Браун.

Панел дискусијата се одржа во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“, Европското движење во Република Северна Македонија и Центарот за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел, во рамки на одбележувањето на 9 Мај, Денот на Европа./MИА/.

Next Post

Ковачевски: Масовното купување суровини за производство на струја ќе влијае врз раст на цените

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk