ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

РСБСП: Матурските прослави нека поминат без сообраќајни инциденти

May 20, 2022 11:16
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Републичкиот совет за безедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во пресрет на матурските прослави апелира до матурантите за време на овие прослави да не управуваат моторно возило без возачка дозвола или под дејство на алкохол.

-Матурата за секој матурант и неговото семејство е од огромно значење. Тоа е чин на завршување на една и почеток на друга фаза во животот на младите. Одбележувањето на матурирањето најчесто е незаборавно, но загрижува начинот на кој се прославуваат матурските вечери: се организираат автомобилски трки, се управува моторно возило без возачка дозвола или под дејство на алкохол, се прават фотографии и видео записи и се објавуваат на социјалните мрежи за време на управување со возилото и слично. Секако, тоа не е вистинскиот начин да се демонстрира матурирањето на дело, посочуваат од РСБСП.

Сообраќајната статистика и искуствата од минатите години, покажуваат дека во деновите кога се организираат матурските прослави се зголемува бројот на сообраќајни незгоди, а, како што наведуваат, голем дел од учесниците во незгодите се млади луѓе – матуранти, кои најчесто во незгодите завршуваат со тешки телесни повреди, а не ретко и го губат својот млад живот.

-Затоа, во пресрет на матурските прослави, РСБСП на матурантите им укажува на страшните последици кои може да се случат заради непочитување на сообраќајните правила и прописи или невнимание во сообраќајот, а на родителите им упатува апел: Не им дозволувајте на вашите деца да одат на матурската прослава со семејниот автомобил или да бидат возени од друг матурант. Вие одведете го своето дете матурант до местото на матурската прослава и намалете го ризикот од сообраќајни незгоди, потенцираат од Републичкиот совет за безедност на сообраќајот на патиштата.

РСБСП секоја година редовно повикува на совесност и одговорност на матурантите и на нивните родители, а укажува на сериозноста на можните последици од сообраќајни инциденти.

„Не си фраер ако загинеш на матура!“, „Покажи ја матурата на дело!“, „На матурска прослава, без автомобил!“ се пораките кои изминатите години Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ги упатуваше до матурантите и нивните родители./МИА/

Next Post

Гостин повикал полиција за цена на кафе, барот казнет со 1.000 евра

НАЈНОВО

Фотомонтажа Фронтлајн и ВИ

Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

October 29, 2025
Фото: Фејсбук на Гордана Сиљановска Давкова

Сиљановска Давкова на Парискиот мировен форум: Очекувам дискусии што ќе придонесат кон решавање на најгорливите глобални предизвици

October 29, 2025
Скриншот

Обвинителите бараат затворски и парични казни за ширење лажни вести против Брижит Макрон

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk