ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Тренчевска: Преку унапредување на правата и услугите од системот на социјална заштита обезбедуваме поголема грижа за ранливите категории

May 21, 2022 19:40
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката Тренчевска при посетата на Општина Берово, беше во посета на установи од социјална заштита кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика.

Заедно со градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски и поранешната министерка Јагода Шахпаска, го посетија Домот за стари лица д-р Иван Влашки – Берово каде што во моментот се сместени 37 корисници. Капацитетот на домот се прошири за 10 легла во 2021 година со отворање на третата ламела. Услуги кои ги нуди домот се сместување до целосен престој, исхрана, медицинска нега, дневна нега, психо-социјални активности, организирање на културно -забавен живот, обезбедување на други дополнителни услуги кои ги врши домот. Во тек е и изградба на кујна со која ќе се подобрат и услугите на самите корисници. Поради големата заинтересираност и реалната потреба на старите лица за згрижување во дом имаме направен е проект за објект – четврта ламела со тоа што би се зголемил капацитетот за уште 28 легла, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Д-р Иван Влашки е лиценциран давател на услугата помош и нега во домот, а услугата ја добиваат 69 корисници, од страна на 18 негователи. Услугата обезбедува помош при вршење на основни  активности од секојдневниот живот, за лица со намален функционален капацитет кои не можат сами да се грижат за себе, а со цел да продолжат да живеат во сопствениот дом.

„Грижата за ранливите категории на граѓани, вклучително и старите лица е високо на агендата на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за труд и социјална политика. Преку унапредување на правата и услугите кои произлегуваат од системот на социјална заштита обезбедуваме поголема грижа и задоволување на потребите на највозрасните граѓани во нашата држава,“ рече Тренчевска.

Министерката Тренчевска го посети и малиот групен дом во Берово, отворен во 2009 година како организациона единица на Меѓуопштинскиот центар за социјална  работа Берово и во него се сместуваат деца без родители и родителска грижа. Тој е  прв од таков вид во нашата држава. Во моментов во него се згрижени четири деца , а за нив се грижи тим од 3 стручни лица (едукатори) и две негователки.

Малиот групен дом во  Берово функционира како куќа на децата со нивните едукатори и негователи, во вид на семејно опкружување, и остварува соодветна квалитетна грижа за децата надвор од нивните биолошки семејства. Крајната цел на работата со децата од Мал групен дом е изградба на општествено корисна личност која ќе биде целосно социјализирана и интегрирана во општествените текови на модерното живеење. Малиот групен дом  во Берово е успешна приказна за децата без родители и родителска грижа.

Посетата на Берово беше заокружена со средбата со вработените во Центарот за социјални работи што воедно беше можност за разговор во врска со правата и услугите од социјална заштита, и нивната успешна испорака до оние граѓани на кои поддршката им е потребна.

 

Next Post

Шест годишно дете се удави во реката Пена во Тетово

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Украински дронови уништија руски системи S-400, рафинерија и го парализираа извозот на нафта од Новоросијск

November 15, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп побара истрага за Клинтон и други демократи; Обвинителката Бонди почна постапка за „Епштајн врските“

November 15, 2025
Фото: Илустрација, генертирано со ВИ

Шпанските научници идентификуваа неврони во амигдалата кои предизвикуваат анксиозност

November 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Што треба да знаете ако случајно проголтате семка од јаболко – дали може да биде опасно?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск со нова шокантна идеја: Наместо затвор – осуденици придружени од роботи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 15 и 16 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот го испразнивме од сите содржини и го претворивме во инструмент за самокамшикување!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk