ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ТВ Дебата: Македонија е „канцерогена држава“ и не заслужува да е во ЕУ

May 21, 2022 10:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

Исказот од насловот на оваа колумна не е мој. Многу личи како да е на некој бугарски радикал, нели, како на пример на Ангел Џамбаски, кој севезден нешто навредливо кажува за Македонија. Но не е ниту негов. Тоа е мислење на еден наш „експерт“, Македонец, Синиша Пекевски, кој пред некој ден, онака без пардон го истресе во ТВ дебата на „Само вистина“. И тоа точно вака рече:

„Македонија е канцерогена држава, во која ништо добро не се случува, во која не владее правото и која постојано е на работ на конфликт. Внесувањето на таква држава во Унијата, такво страно тело, такво болно парче, може само да доведе до проблем внатре во ЕУ“!!!

Бреее….Ужасија.

Колку до утредента се ужаснав уште повеќе кога го прочитав и ставот на бугарскиот европратеник  Андреј Слабаков од националистичката ВМРО-бугарско националано движење по повод усвојувањето на Извештајот за напредокот на Северна Македонија, кога рече дека „членството на Северна Македонија е рамно на „тумор за ЕУ“.

Каква сличност. Канцер, тумор!!! Па кој од кого овде препишува? Нашиот од нивниот, или нивниот од нашиот?

Ако кон овие двајца ја придодадеме и изјавата на „чувениот“ македономрзец, европратеник Ангел Џамбаски ќе сфатите каква „непринципиелна“ коалиција се формира меѓу бугарско-македонските експерти по прашањето Македонија:

„Нереформирани земји (с.р. Македонија) како членки на ЕУ, се добредојдени за Москва. Таа би сакала што е можно повеќе нереформирани земји, кои имаат проблеми со соседите да станат членки на Унијата. Колку повеќе расправии може да се набуткаат во ЕУ од Москва, толку подобро за Москва, една разединета и раскарана ЕУ е во интерес на Кремљ“, смета Џамбаски.

Значи, според него, Русија и е спонзор на Македонија за во ЕУ! А кога таа ќе стане членка ќе ја растури  Европската Унија! Се разбира затоа што е „канцер“!

Па што е разликата во ставовите меѓу тројцата „експерти“?

Па  нема разлика! Тие се с`шти.

Само за Бугарскиве „тиквари“ претпоставувам дека работат во интерес на својата земја, а за која земја работи нашиот?

Не е за верување колку Македонци ја мразат Македонија, и колку гнасотии се спремни да истурат врз неа. Но за некои од нив сфаќаш, уствари, дека тие всушност ја мразат- оваа власт. Но во нивниот мозок има гребнатинка според која тие ја поистоветуваат државата со партијата. Па сакајќи да ја навредат колку можат повеќе партијата на власт, тие ја посипуваат со измет државата, несвесни дека самите се замачкале со истиот. (измет.)

Со месеци се гадиме од изјавите на бугарските националисти кои секојдневно нè   навредуваат, не бирајќи зборови со кои сакаат да нè понижат и национално да нè деградираат, не признавајќи ни ја ниту државата, ниту народот, ниту јазикот. Но ним можеме, без око да ни трепне, да им вратиме  со иста мерка. Ама како да се справиш со „нашите“ кои со исти зборови атакуваат врз македонското достоинство, кои ја негираат и понижуваат својата држава. Тие или не сфаќаат дека им стануваат помошна алатка во „аргументите“ на овие бугарски шовинисти, или пак почнувате да се сомневате дека свесно им се ставаат во служба и дека работат за туѓи интереси.

Абе не се Бугарите во Македонија проблем, проблем се Бугарашите во Македонија.


Личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Контингент на Безбедносните сили на Косово на меѓународна вежба на НАТО во Германија

НАЈНОВО

Скриншот

Топ 10 најпродавани теренци во Европа, „Фолксваген Т-рок“ на врвот

October 16, 2025

Алиу: Болницата во Прилеп доби нова медицинска опрема во вредност над 50 милиони денари, во тек е и постапка за вработување 124 лица на неопределено време

October 16, 2025
Фото: МИА

Претставата „Куршуми над Бродвеј“ премиерно на 18 октомври во Драмскиот театар

October 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја: Да ја победиш Барселона мора да си перфектен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk