ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Добрите релации со Италија се можност за натамошно унапредување на економската соработка (ВИДЕО)

May 24, 2022 14:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски по средбата со претседателот на Советот на министри на Италија Марио Драги, истакна дека Италија е важен политички и економски партнер на Северна Македонија. Ковачевски подвлече дека следната година ќе одбележиме 30 години од воспоставувањето на нашите дипломатски односи.

Во продолжение изјавата на премиерот Ковачевски.


„Италија е важен политички и економски партнер на Северна Македонија. Следната година ќе одбележиме 30 години од воспоставувањето на нашите дипломатски односи. За време на овој период продолживме да ги негуваме традиционално добрите и пријателски односи. Имаме активен политички дијалог и динамична соработка меѓу државите.

Негуваме одлични односи и исклучителна соработка, а средбата со премиерот Марио Драги е уште една силна потврда за континуираните успешни билатерални односи помеѓу нашите двете земји.

Италија е наш важен трговски партнер со вкупен билатерален трговски обем од над 730 милиони долари, а италијанскиот пазар е препознат како еден од најважните пазари на кои се извезуваат македонски производи. Нашата соработка е значајна и во културата, образованието и науката, како и во земјоделство и истата очекуваме да се прошири и продлабочи. Нашата дијаспора е активна и е важен чинител во италијанското општество и е мост за унапредување на нашата соработка.

Воедно, Италија е земја членка на ЕУ која е наш сојузник во напорите за пристапување на Северна Македонија во Унијата и постои согласност дека истото треба да се случи без дополнително одлагање. Италијанската силна, гласна и доследна поддршка за процесот на интеграција на Северна Македонија во Европската Унија е од особено значење за нас и за истата изразувам голема благодарност.

Имаме заедничка согласност со премиерот Драги дека остварените резултати на нашата земја на патот на евроинтеграциите треба да имаат своја завршница со итно отворање на пристапните преговори. Потребата за забрзан процес на евроинтеграција на Северна Македонија и Албанија, во моментов е прашање од геополитички аспект но и безбедносно прашање клучно за стабилноста и просперитетот на нашиот регион и самата ЕУ.

Со премиерот Драги изразивме задоволство за единство кое го покажаа НАТО сојузниците како и Европската Унија во контекст на актуелната состојба со руската агресија врз Украина. Нашиот брз одговор и 100% усогласеност со надворешната политика на ЕУ и безбедносните политики на НАТО покажа дека Северна Македонија е вистински и кредибилен партнер, споделувајќи ги истите вредности на слободниот и демократски свет.

Дополнително, би сакал да потенцирам дека од особено значење за нас е и италијанската поддршка која секоја година ја добиваме за организацијата и за учеството на манифестациите во чест на Светите Кирил и Методиј во Рим, како и за претставувањата на уметниците од нашата земја на Биеналето во Венеција.

Би сакал да ја искористам приликата и уште еднаш да ја изразам мојата како и благодарноста на граѓаните и Владата на Северна Македонија за пријателството, за поддршката и за иницијативите што Италија ги покажува за унапредување на односите меѓу двете земји.  Во тој дух, ги очекувам највисоките членови на италијанската Влада на претстојниот „Преспа форум за дијалог 2022“ каде ќе разговараме за обликувањето на иднината на Западен Балкан во современата европска безбедносна архитектура“, истакна Ковачевски.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Пендаровски и Вучиќ од Давос ја поздравија одлуката на СПЦ за прифаќање на афтокефалноста на МПЦ-ОА

НАЈНОВО

Натали Портман од фестивалот во Лион: Лудо е да се зборува за нешто друго освен за славење на мирот

October 14, 2025
Фото скриншот

Мицкоски за директорот со кокаин вели имал момент на слабост и било негова приватна работа

October 14, 2025
Фото: Скриншот

Трамп: Орбан е фантастичен, знам дека многу луѓе не се согласуваат, но јас сум единствениот што е битен

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk