ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дендиас: Преговорите со Северна Македонија и Албанија треба да почнат веднаш

May 25, 2022 19:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Грција работи засилено за обезбедување на мирот, безбедноста и стабилноста на регионот. Верувам дека единствениот пат за да се постигнат тие цели претставува јасна и целосна поддршка на европската перспектива на Западниот Балкан. Сигурни сме и длабоко веруваме дека преговорите со Северна Македонија и Албанија треба да почнат веднаш, изјави попладнево шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи, jaвува МИА.

Дендиас нагласи дека јасно даваат поддршка за европската перспектива на Северна Македонија и оти неговата посета на Скопје е за да покаже оти се „заедно со нас по патот кон Европа“.

– Сметаме дека сме ваш близок сојузник, ќе дадеме соодветни напори да се унапредат односите меѓу нашите земји на билатерално ниво и тоа се поддржува и од Акцискиот план кој е усвоен на првиот највисок Совет за соработка, рече Дендиас, потенцирајќи дека Грција е насочена кон верно и правилно спроведување на Договорот од Преспа.

Најави дека има голем интерес на голема грчка компанија да инвестира во Северна Македонија, а се однесува на станица за производство на електрична енергија, инвестиција вредна 200 милиони евра.

– Ме радува фактот дека нашата економија соработува се поблиску и посилно, а веќе сме ги допреле нивоата пред пандемијата и тоа за нас е големо задоволство да слушнеме дека грчката инвестиција е на многу високо ниво во вашата земја, посочи Дендиас.

Според министерот Османи, европската перпсектива на регионот е прашање од безбедносен интерес и за нас и за Европа.

– Стартот на преговорите со Северна Македонија и Албанија е најдобриот начин да се врати еворпскиот кредибилитет во регионот, и во оваа насока ме радува што ја имаме целосната поддршка на Грција, нагласи Османи.

Руската инвазија во Украина, пак, смета министерот, покажа дека на регионот му е потребна дополнителна инвестиција во отпорноста од закани. Како НАТО сојузници, вели Османи, имаме обврска да се грижиме за регионалната стабилност и имаме координиран пристап и во интерес и на регионот и на Европа.

Тој потенцира дека Северна Македонија и Грција се земји кои се добри соседи и ги градат своите меѓусебни односи создавајќи предуслови за трајно прјателство.

– Тоа претставува добар модел со кој земјите од регионот можат да придонесат за да инвестираат во регионалната и европската стабилност. Ме радуваат податоците за економска соработка. Минатата, 2021 година вкупната размена надмина 934 милиони евра, со што размената го постигна предпандемиското ниво. Податоците за првиот квартал оваа година надминуваат 350 милиони евра што укажува дека оваа година треба да очекуваме меѓусебната размена да надмине една милијарда евра. Грција е со бројни инвестиции и очекувам нагорниот тренд да се зголеми, рече Османи.

Next Post
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Владата го усвои пакетот законски измени за повисоки плати во правосудниот и обвинителскиот систем

НАЈНОВО

Дијана Хрка објави дека го прекинува штрајкот со глад

November 17, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Орбан продолжува со цинизмот: Ја спореди итната помош за Украина со „воткa за алкохоличар“

November 17, 2025

Неизвесно снабдувањето со гориво во Србија по 1 декември

November 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали е штетно да се пие вода додека јадеш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk