ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Ги реализираме ветувањата, политиките на раст на платите и на животниот стандард продолжуваат

May 26, 2022 14:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Покачувањето на платите, покачувањето на пензиите, покачувањето на стандардот на граѓаните е она на што останавме доследни и на што ќе останеме доследни и во продолжението на мандатот, иако имаше на тој пат голем број на опструкции, сепак сите потребни решенија беа донесени“, рече премиерот Димитар Ковачевски, на седницата за пратенички прашања во Парламентот и додаде дека „политиките на раст на платите и на животниот стандард на граѓаните ќе продолжат“, информираат владините служби.

Тој посочи дека Владата го реализираше клучното предизборно ветување на социјалдемократската Влада, за просечна плата до 30.000 денари, кое што со последните податоци од Државниот завод за статистика е надминато. Односно, просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во март 2022 година е на ниво од 31.080 денари, што во однос на март 2021 година е зголемување за 10.1 процент, или за една година просечната плата пораснала за 2.863 денари, а во однос на март 2017 година покачувањето е 8.635 денари, кога просечната плата била 22.445 денари.

„Владата и во услови на најголема светска економска и од секаков вид друга криза, продолжува со засилена динамика да работи на зголемувањето на просечната плата, тука удел има нормално и минималната плата којашто ја зголемивме на 18.000 денари, а исто така и пензиите доживеаја историски најголем раст, прво преку усогласувањето направено на почетокот на годината преку менувањето на методологијата и усогласувањето кое што ќе следува во месец септември“, додаде премиерот.

Тој посочи дека согласно статистичките податоци, ваквото зголемување се должи, пред сѐ на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во финансиските дејности и дејности на осигурување; Уметност, забава и рекреација и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна.

Премиерот Ковачевски нагласи и дека мерките за поддршка за зголемување на плати во приватниот сектор, преку субвенционирање на дел од придонесите имаат значајна улога во зголемувањето на плати во приватниот сектор, а дека во јавниот сектор веќе се водат разговори за усогласување на платите, согласно со нова методологија, а насочи и на факторот невработеност, којшто е на историски најниско ниво од 15.2 процента.

„Ова покажува една поздрава кондиција на македонската економија“, оцени премиерот Ковачевски, насочувајќи го како важно пред претстојната зима.

„Пред нас имаме тешка зима. Имаме дел од држави коишто прогласуваат и вонредна состојба, во однос на цената на храната и енергенсите и достапноста на енергенсите и значајно е што приходите на граѓаните се зголемени, имаме зголемување на минималната плата, пензиите се зголемени, имавме и еднократна помош при зголемувањето на цената на електричната енергија. Тоа нѐ прави поподготвени да можеме да го дочекаме наредниот период, којшто очигледно ќе биде исклучително кризен на територијата на целиот европски континент“, рече премиерот Ковачевски, на седницата за пратенички прашања во Парламентот.

Next Post

СДСМ бараат Мицкоски да каже што договарал со бугарските здруженија

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk