ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски: Со Бугарија треба да разговараме за критериумите потребни за ЕУ, а не за историски спорови

May 26, 2022 17:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Според објаснувањата на Бугарија, тие сакаат да го имитираат однесувањето на Грција кон Северна Македонија во последните децении, поставувајќи ни предуслови за влез во Европската Унија, со цел да го заштитат националниот интерес, вели претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, информира МИА.

Во интервју за Еуроњуз, Пендаровски изјави дека потребно е да се говори за вистинските аргументи и критериуми што државата ги исполни за влез во Унијата, а не да се дискутира за 19 или 20 век.

– Бугарските барања се многу поконтроверзни од грчките. Зошто? Затоа што Грците никогаш не го доведуваа во прашање нашето етничко потекло. Никогаш не рекоа „не си Македонец“. Во ситуацијата со Грција, дадовме можност, ако сакате да се идентификувате како етнички Македонец, можете да го направите тоа. Ако некои луѓе во Грција денес велат дека се Македонци, имаат право на тоа. Бугарија го оспорува идентитетот на Македонците и тоа е големиот проблем, вели претседателот Пендаровски.

Според него, Бугарија ја изразува позицијата на бугарското општество, како резултат на долгогодишниот став на бугарските политичари и историчари, што датира од времето на комунизмот.

– По Втората светска војна, особено во 50-тите и 60-тите години на минатиот век, луѓето почнаа да зборуваат за Македонија како измислен нација, за чудо создадено со декрет на Тито. Така што навистина мислам дека бугарските политичари, како и обичните граѓани, Македонците ги доживуваат како етнички Бугари или барем веруваат дека ние сме биле такви до крајот на Втората светска војна. Како и за македонскиот јазик, кој е познат и признаен во целиот свет, дека бил само дијалект на бугарскиот, рече Стево Пендаровски во интервју за Еуроњуз.

Претседателот Пендаровски додава дека засега гледа значителна промена во однесувањето на Бугарија. И покрај сите случувања на европскиот континент со руската инвазија на Украина и сите геополитички мотиви што го доведуваат во прашање концептот на обединета Европа, Пендаровски посочува дека бугарската позиција сè уште е тешка, и не се забележани значителни промени, во пресрет на одлуката на Брисел што ја очекуваме до крајот на јуни.

– Но, ако ме прашувате мене, ако прашувате за моето внатрешно чувство – во Северна Македонија сум познат како политичар кој го кажува своето мислење. Немам еден личен или друг официјален став. Ќе ги ценам нашите шанси за почеток на преговорите, конечно по 17 години во кои сме кандидат, на помалку од 50 отсто, заклучи претседателот Пендаровски.

Во врска со вклучување на бугарското малцинство во Уставот на Република Северна Македонија, Пендаровски вели дека ова е една од ретките работи што ги обединува владејачката и опозициската партија.

– Ова е една од темите за која сите партии во парламентот се едногласни. Зошто да не ги вклучиме Бугарите во нашиот устав. Но, ние сакаме ова да биде врзано со рок, сакаме гаранција дека ова е последното барање од бугарската страна, за бугарското малцинство, Бугарите кои живеат во Северна Македонија. Во спротивно, секој месец или секоја година ќе мора да продолжиме да ги убедуваме нашите граѓани да сменат нешто, било да е тоа нашиот Устав, законите или нешто друго. Можеме да го направиме ова, но каде е гаранцијата дека ова е последното бугарско барање на оваа тема, вели шефот на државата.

Прашан за одделување на Албанија за за почетокот на преговорите со ЕУ, Пендаровски посочи дека доколку Тирана ги исполни сите предуслови, а во меѓувреме сè уште нема зелено светло од Бугарија, сосема е нормално да се стави на прво место интересот на своите граѓани.

Next Post

Хрватската телевизија „Нова“ ги откупи правата за емитување на „Сказните на Биби“

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk