ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Извештајот на ДЗР е уште една потврда за успешно и транспарентно работење, велат од Собранието

May 27, 2022 19:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Извештајот на Државниот завод за ревизија за 2020 година е уште една потврда за успешното и транспарентно работење и менаџирање на Собранието, во согласност со законските прописи, велат од Собранието на Република Северна Македонија, јавува МИА.

Во соопштението од Собранието се наведува дека Извештајот нотира оти финансиските извештаи ги прикажуваат вистинито и објективно, во сите материјални аспекти на финансиската состојба на Собранието.

– ДЗР посочува дека активностите, финансиските трансакции и информации, рефлектирани во финансиските извештаи, во сите материјални аспекти, се во согласност со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики. Со оглед на тоа што Извештајот на ДЗР дава мошне објективна и позитивна слика за работењето на Законодавниот дом, нагласуваме дека Собранието не даде никакви забелешки во однос на Нацрт-извештајот на овластениот државен ревизор за извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизијата на усогласеноста за 2020 година на СРСМ, се вели во соопштението.

Во врска со забелешката за тоа што Собранието не е запишано како носител на правото на трајно користење на недвижна објект во соодветните имотни листови во АКН, од Собранието информираат дека согласно член 18 став 1 од Законот за користење и располагање со објектите во државна сопственост и со објектите во општинска сопственост, Владата со одлука може времено или трајно да ги даде на користење, со или без надоместок на државни органи, на правни лица основани од државата, општините, општините во градот Скопје, градот Скопје, здруженија на граѓани и фондации.

Додаваат дека веќе се преземени соодветни активности и во постапка е запишување на правото на трајно користење на зградата и земјиштето под и околу зградата, за што и во ревизорскиот извештај ДЗР дава препорака да се продолжи со веќе отпочнатите активности.

Next Post

Министерката Петровска ги отвори третите по ред синдикални спортски игри на Независниот синдикат на одбраната

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk