ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Министерката Петровска ги отвори третите по ред синдикални спортски игри на Независниот синдикат на одбраната

May 27, 2022 19:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска денеска во Х. „Десарет“, Охрид со свое обраќање ги отвори третите по ред Синдикални спортски игри за вработените во Армијата и Министерството за одбрана во организација на Независниот синдикат на одбраната.

Министерката Петровска во своето обраќање ги поздрави присутните воени и цивилни лица членови на синдикатот и останатите присутни гости при што истакна дека синдикалните спортски игри се значаен елемент во зајакнување на тимскиот дух, солидарноста и сплотеното работење за постигнување на заедничка цел и додаде дека спортот отсекогаш имал улога во подигнување на социјалната вклученост, фер плејот, дисциплината и лидерството. Таа потенцира дека благодарение на „тимската игра“ Министерството за одбрана заедно со Генералштабот и со претставниците на синдикатите во изминативе четири месеци покажаа и изготвија предлог измени на Законот за служба во Армијата на Република на Северна Македонија што без никакви забелешки беше усвоен од Владата.

„Предлог измените на Законот се доставени до Собранието, а вчера на пратеничките прашања упатив порака до сите политички партии и ја истакнав важноста дека овој предлог потребно е да се прифати без било какви политички калкулации. Внесените измени не се ниту големи барања, ниту е нешто неочекувано, туку е нешто што е потребно за подобрување на стандардот и вашите услови за работа“, рече министерката Петровска.

Таа посочи дека во изминатиот период вработените во Армијата и Министерството за одбрана покажаа професионалност и подготвеност да се справат со предизвиците во сите тешки моменти и додаде дека во справувањата во сите натамошни предизвици таа е нивниот најголем сојузник.

„Како министерка за одбрана ви ветувам и ве уверувам дека дијалогот со вас ќе продолжи, затоа што тоа е единствениот пат како успесите ќе ни бидат побројни и ќе бидеме се подобри и подобри“, рече Петровска.

Претседателот на Независниот синдикат на одбраната, Ванчо Исајов упати благодарност до министерката Петровска за поддршката и посочи дека во изминатиот период интензивно се работеше на измените на Законот и очекува наскоро овие законски измени да бидат донесени.

На денешното отворање се обрати и претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати, Благоја Ралповски кој рече дека овој синдикат е вистински борец за работничките права и им посака убави и весели спортски игри .

На третите по ред синдикални игри чија цел е јакнење на тимскиот дух преку спортот учестуваат околу 300 натпреварувачи од Армијата и од министерството – членови на Независниот синдикат и гости од земјава и од Синдикатот на војската на Црна Гора. Учесниците на спортските синдикални игри ќе се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини: мал фудбал, кошарка, одбојка, шах, пикадо, влечење јаже и др.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk