ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Кое „јас“ да си го сакам?

May 29, 2022 11:16
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Билјана Арсовска

Билјана Арсовска

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БИЛЈАНА АРСОВСКА

„Има луѓе во светот за кои „доаѓањето“ е вечен процес, луѓе на кои им е судено никогаш да не пристигнат“. – Џејмс Болдвин.

Од каде нѝ е идејата дека љубовта мораме да ја научиме и разбереме самите без притоа истата да ја испреплетеме со луѓето околу нас? Дали некогаш сте ставиле крај на врска само затоа што мислевте дека „треба да работите на себе“? Дали некогаш сте рекле: „Морам да научам да се сакам себеси, а дури потоа ќе можам да сакам некој друг“?

Западната култура е опседната со поттикнувањето на индивидуализмот. Во изминатите неколку години, широкиот дијапазон на термини поврзани со „Себе“ – грижа за себе, самољубие, self-made, итн. – привлече огромно внимание и разновидно интерпретирање. Дали „самољубието“ стана маркетиншки термин за да можат брендовите за убавина да продаваат повеќе производи под велот на благосостојба? Дали грижата за себе нé прави посамокритични? Дали Кајли Џенер навистина е најмладата self-made милијардерка ако го започнала својот бизнис со семејни пари, многуброен тим од експерти и глобална (наследена) слава? Дали „селфито“ му го покажува на светот нашето најмоќно јас или претставува подобро осветлена, а можеби дури и малку изменета (фотошопирана) верзија на тоа како мислиме дека би сакале да изгледаме? Кога луѓето велат „сакај се себеси“, се прашувам, која верзија од себеси?

По дефиниција, љубовта кон себе е состојба на почит кон самите себе, која произлегува од постапките кои го поддржуваат нашиот физички, психолошки и духовен раст. Љубовта кон себе значи да се има голема почит за сопствената благосостојба и среќа. Љубовта кон себе значи да се грижиш за сопствените потреби и да не се жртвуваш себе за да ги задоволиш другите.

Во ера на еднолични „бренд личности“ со „силни гласови“, интегрирани стратегии за социјални медиуми, прогнозери на трендови и микро-инфлуенсери, дали сме попуштиле на целосното брендирање на секој аспект од нашите животи и култура? Дали саботната рутина за нанесување осум креми на лицето е стварно начинот со којшто би си го подобриле своето ментално здравје? Или тоа е само негување на персоната којашто ја креиравме за да се вклопиме во светот?!

Грижа за себеси е како да ставаш игла од грамофон на плочата на твојата душа за да чуеш каква мелодија ќе засвири, а притоа да уживаш во истата без разлика дали е весела или тажна. Не постои продукт којшто ќе го скроти нашиот немир предизвикан од работното место, ниту 5-минутна медитација што ќе го совлада горчливиот вкус кој го вкусуваме секојдневно заради неправдите кои нè опкружуваат, но градењето на лична и заедничка отпорност е императив.

Идејата за себство не е нова, а со промените во светот, и нашите идеи за себе еволуираат. Во време на развиен и насекаде потенциран индивидуализам, често себеси се гледаме како посебен ентитет со јасни граници што оцртуваат независен идентитет. Oваа визија за себе се состои од внатрешни утврдени концепти за тоа што е за нас успех, неуспех, како градиме доверба, што е за нас среќа, способност, итн. Со години чувствував грижа на совест секојпат кога паузирав од вообичаеното пребрзо темпо на живеење. Си ја грицкав душата со помислата дека ‘денес не направив ништо продуктивно’. Размислував за тоа колкав е опортунитетниот трошок за одмарање. Мојот концепт за успех беше никогаш да не си дозволам да помине цел ден без да сработам барем нешто. Како мало ѓаволче да ми стоеше на рамото и да ме потсетуваше дека правам нешто погрешно. Како така да поминеш цел ден во кревет гледајќи серии?! Ми требаа 27 години и едно онесвестување од преработеност да сфатам дека да се сакаш себеси значи да си дозволиш да ‘џаболебариш’ кога тоа ти го бара телото. Да си речеш „Океј е“ кога на пола пат ќе ти текне дека си го заборавила клучот од дома кај твоите кои живеат на другиот крај од градот. Да откажеш кафе со сестра ти бидејќи сакаш да лежиш и да читаш книга. Да си бидеш другарка на себе, исто како што си со оние 2-3 што ти се баш најблиски.

Вистината е дека нашето ‘јас’ е исто така испреплетено со луѓето околу нас, нашето општествено опкружување како и  политичките и економските структури. Со други зборови, не учиме како да се сакаме себеси сами по себе. Тоа е типична ‘кој дојде прв, кокошката или јајцето?’ ситуација. За да сакаме друг, мора да се сакаме себеси. За да се сакаме себеси, мора да дозволиме да бидеме сакани од другите. И мораме да признаеме дека негативната и токсична самодоверба е напумпана со општествени пораки за тоа кој заслужува да биде сакан и почитуван, на кого треба да му се восхитуваме а кого треба да го одбегнуваме. Така, ‘биди повеќе и прави повеќе’ менталитетот правеше да бидам уште една жртва на стегите на капитализмот. Со заматена перцепција за тоа што е всушност рецептот за среќа и благосостојба.

Самољубието, или self-love, е поблиску до самопочитта – нашата способност да се гледаме себеси како личност со недостатоци и сепак да се почитуваме. Тоа е способност да не паднеме во бунар на презир дури и кога сме зафркнале нешто. Тоа е испробување на нови работи знаејќи дека можеби нема да успееме, без притоа да се гледаме себеси како неуспех. Можеме ли да го усвоиме таквото разбирање и самосочувство во нашите врски со другите?

Баш ми е бесмислен терминот само-направен (self-made) – тој менталитет „ако успеам, го направив тоа сам и ако завршам на улица, само јас треба да се обвинувам“. Денес, ова ми звучи на празна флоскула произведена на Wall Street. Човечките суштества се истовремено зависни и самостојни. Како поминува времето, сé повеќе сум свесна за тоа колку всушност, за да постигнам непоколеблива среќа, ми се потребни помошта, присуството и љубовта на другите.

Самољубието е помалку за способноста да се издржи осаменоста или да се воспостави независност, а повеќе за свесноста и прифаќањето на нашата некомплетност. Се работи за тоа да дозволиме другите да нé сакаат дури и кога се чувствуваме непожелни, затоа што нивната верзија за нас е често пољубезна и пољубовна од нашата.


Текстот е личен став на Авторката. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Почина Ози Озборн, фронтменот на Black Sabbath

July 22, 2025

Собранието го донесе Ребалансот на буџетот: Според опозицијата е скроен како предизборен поткуп, власта вели ќе обезбеди економски раст

July 22, 2025

Министерката Кочоска вели со ребалансот немало да се финансираат кампањи, туку проекти

July 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Театарот на Мицкоски за „внатрешни непријатели“ е обид да се сокрие вистината за бугарските пасоши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk