ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ССМ: Недела да остане неработен ден за работниците

May 29, 2022 11:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Загрижени сме поради информациите дека групи на пратеници и министерот за економија Бектеши, изготвувале предлог текстови на Законот за работните односи и Законот за трговија со кои планираат да се уназадуваат и кратат работнички права во поглед да се озаконуваат незаконитостите, наспроти очекувањата на работниците и ССМ за доследно да се почитуваат Законот за трговија и Законот за работните односи во делот на зако¬нските измени за недела – неработен ден односно ден за неделен одмор и да не се озаконуваат незаконитостите.

Најавените предлог Закони со самото тоа што веќе се доставени до Собранието тоа е сторено без социјален дијалог и претставува потценување на претставниците на работниците и работниците во целина што е недозволиво.

Притоа, потсетуваме дека со законските измени, Сојузот на синдикатите на Македонија и социјалните партнери обезбедија можност неопходните дејности кои нагласуваме дека заеднички ги утврдивме во исклучоците да имаат можност да работат во недела но за тоа да платат додаток на плата за најмалку 50 до 100%.

Сметеме дека ваквите чекори го уназадуваат социјалниот дијалог во Државата и го миноризираат Економско социјалниот совет и договорите помеѓу работниците, работодавачите и Владата и на таквиот начин го оневозможуваат правото на најзасегнатите страни да учествуваат во социјалниот дијалог преку кој во изминатиот период се донесоа многу значајни решенија за сите.

Не смее да се дозволи за овие важни прашања да се елиминираат ставовите и улогата на социјалните партнери, што ќе значи и немање на Социјален дијалог во Државата што не е од интерес на ниту една страна или чинител во општеството.

Поради се ова наведено и едностраното пристапување кон овие значајни прашања за работниците задолжителна е реакција од членовите на ЕСС и Економско социјалниот совет, а во спротивно ќе бидеме приморани да сметаме дека и членови на Владата се вклучени во подготовка на предлог текстови на Законот за работните односи и Законот за трговија за уназадување на работничките права и дека свесно не ги почитуваат претставниците на работниците и работодавачите и се прави голем преседан по основ на кршење на работничките права кои веќе се од големо значење на работните.

Бараме итна средба на Економско социјалниот совет на која како единствена точка ќе се разгледува ова важно прашање.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk