ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Време е за брза евроинтеграција на регионот, политиката на проширување на ЕУ мора да има иднина

May 30, 2022 16:08
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Војната во Украина е последно предупредување за Унијата за ризикот кој го презема оставајќи го овој регион неинтегриран, со верување дека политиката на проширување на ЕУ нема само минато, туку и иднина, порача вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, на годишниот Самит на Демократија во Југоисточна Европа, посветен на „Војната во Европа: Влијанието на Балканот“, во организација на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), кој се оджува денеска во Будва, Црна Гора.

Маричиќ, како што информираат од неговиот кабинет, на самитот се обрати на панел-дискусијата на тема: Променливата политичка и безбедносната динамика во Западен Балкан.

– Затоа напредок во евроинтеграциите е нужен за земјите од Западен Балкан и сега не е време за анализи. Време е за брзи интервенции во евроинтеграциите и поправање на грешките од минатото, рече Маричиќ додавајќи дека и покрај воената криза во Украина, Западен Балкан мора да остане во фокусот на ЕУ, бидејќи тоа е од геостратешки интерес и на Унијата.

Маричиќ, се вели во соопштението, исто така ја истакнал и потребата и важноста, партнерите НАТО, САД и Европската унија да дејствуваат самоуверено, заедно и во хармонија, потенцирајќи дека вклучувањето на Западен Балкан во евроатлантската политичка и безбедносна архитектура ќе даде позитивен трансформативен ефект врз неговата стабилност и економски просперитет.

На маргините на Самитот, Маричиќ остварил билатерална средба со црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, со кој ги потврдија добрите пријателски односи на двете земји, за кои се согласни дека треба да бидат пример за земјите од регионот.

На состанокот, се вели во соопштението, фокусот бил ставен на евроинтеграциите на двете земји и напредокот во реформите, како и потребата за интензивирање на регионалната соработка и можноста за приклучување на останатите земји кон Иницијативата „Отворен Балкан“, при што Абазовиќ го потврди учеството на Самитот на Отворен Балкан кој ќе се одржи на 7-ми и 8-ми јуни, во Охрид.

Овогодишниот Самит на ИРИ  учествуваат високи владини претставници од Соединетите Американски Држави, Европа и регионот, претставници на невладиниот сектор, како и аналитичари, отворено да разговараат за клучните теми кои се однесуваат на стабилноста на регионот, со фокус на последиците од војната на Русија против Украина на Западен Балкан.

Соговорници на вицепремиерот Маричиќ на панел-дискусијата му беа премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, претставникот на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и други регионални прашања од Западен Балкан, Мирослав Лајчак, Курт Волкер, поранешен САД амбасадорот во НАТО и поранешен специјален претставник за Украина и Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан.

Next Post

СЕФФ: Одржлив економски раст со зелена транзиција, енергетска ефикасност и дигитализација

НАЈНОВО

Христоски: Да го продолжиме развојот, нов капитален проект за секое населено место во Крушево

October 28, 2025
Фото: МНТ

МНТ со „Народен Пратеник“ ја освои главната награда на фестивалот „Борини позоришни дани“ во Србија

October 28, 2025

Додик не се откажува од референдум, засега се пречка „Муслиманите кои не знаат да прават ништо без Србите“

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кејти Пери и Џастин Трудо ја потврдија врската со појавување во Париз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk