ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пожарот во Тетово локализиран и под контрола, сè уште има чад, пожарникарите остануваат на терен

May 30, 2022 21:21
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

И во вечерните часови пожарникарите работат на целосно ликвидирање на пожарот во Тетово, кој во текот на денот беше ставен под контрола и локализиран. Огнот започна во големата управна зграда на поранешната фабрика „Македонија Табак“ и зафати два соседни објекта каде приватна фирма сега произведува и складира градежни материјали. Пожарот беше ставен под контрола и локализиран само во управната зграда, додека на останатите два соседни објекти е изгаснат, јавува МИА.

-Огнот во текот на вечерта е локализиран и ставен под наша контрола.Сега вечерва уште има чад затоа што целата покривна конструкција од големата зграда изгоре и падна. Имаме големи количини на изгорени материјали кои тлеат и затоа се уште има чад и ќе има и во текот на вечерта. Затоа цела ноќ е предвидено да дежураме за да се избегне опасност повторно да се разгори огнот.  Ова беше еден од најголемите пожари во мојата кариера и сме фрлиле неверојатно големи количини вода, изјави командантот на тетовската пожарна Ука Алити.

Двајца полесно повредени пожарникари, како и неколкумина кои вдишале чад се последиците по луѓето кои работеа на гасење во пожарот, што избувна изутрината  околу 9.30 часот. Од Центарот за јавно здравје Тетово препорачаа болните лица и децата да не излегуваат од дома ако немаат потреба или да носат заштитна маска КН 95.

-Пожарот е под целосна контрола благодарение на силната интервенција на противпожарните единици од Тетово, Скопје, Куманово, Гостивар, Кавадарци, благодарение на армискиот и полицискиот хеликоптер, но и вработените и други граѓани кои помогнаа во пренесувањето на горливата материја со виљушкари, изјави Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

Испитување на воздухот направила единица на Армијата која анализира атомско-биолошка-хемиска опасност.

-Нема опасни гасови во воздухот, отровни гасови. Извршија испитување на воздухот во околината и состојбата од аспект на отровни гасови е безбедна. За секој случај очекуваме дополнително испитување бидејќи има мала веројатност за отровни гасови која можеби нема можност да детектира, но потсетувам имаат врвна опрема од Америка, рече Ангелов.

Next Post

Петровска му одговори на Ковачки: Ќе се лизнете на сопствените лаги

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Ќе поднесам оставка ако не ги започнам трите клучни проекти во првата година, дали Митески е спремен да го вети тоа

October 27, 2025

Герасимовски: Немаат понуда, ќе победиме и покрај лагите и притисоците

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ФК Аеродром: „Го осудуваме насилството во Слупчане, фудбалот мора да остане спорт на фер-плејот“

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk